The Bridal Fashion Night

По шестти пат на 6 февруари, 2018 во „Скопје Мериот Xотел“ идните невести ќе го одбираат совршениот фустан на ревии од затворен тип на „The Bridal Fashion Night“ со почеток во 19 часот во организација на Моден викенд Скопје

Вечерта која е комплетно посветена на свадбениот ден ќе ја отвори ревијата на „MCouture by Mila Kadriu“ со колекцијата „Spring Bridal 2018“.
Потоа ќе следува презентација на креациите од модната куќа „Менакон“ од Косово чии колекции веќе редовно ги гледа домашната публика во Скопје а потоа ќе бидат прикажани моделите од ателјето „Ал Апарел“ на Наташа Карчева под името на најновата колекција „Endless love“.
Брендот за уникатен италијански накит „Sigma Jewelry“, преку несекојдневен моден перформанс ќе ги претстави новите трендови за претстојната сезона.
За прв пат македонската публика ќе ги види моделите на ателјето „Зана“ од Косово со колекција за пролет-лето 2018 година наречена „Something more“.
Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу“, која изработува несекојдневни фустани од свежо цвеќе, на овогодинешниот „The Bridal fashion night“ ќе претстави нова уникатна креација.
Вечерта ќе ја затвори „Elizabet design studio“.
Манекенките ќе ги разубавува официјалниот партнер за фризура „Revlon Professional“. За шминката ќе се покрижи официјалниот партнер за убавина „Golden Rose Macedonia“ во соработка со мејкап артистот Даниел Артевски. Чевлите кои ќе ги носат моделите на настанот доаѓаат од „Paolo Bocelli“.
Новиот легендарен мирис од „Орифлеим“ POSSESS THE SECRET за Неа и за Него е официјалниот парфем на претстојниот „The Bridal Fashion Night“. Нашите партнери за нега се „Dove – Derma Spa“ -Нега заснована на дерматолошка експертиза за спа доживување.

„Пелистерка“ традиционално официјална вода на настанот и верен поддржувач на македонската мода и убавина. Официјалното возило на овогодинешната ноќ на невести е „Porsche“. „Moet“ останува присутен во сите важни моменти во животот бидејќи Вашата свадбена прослава го заслужува најдобриот шампањ. Винарија „Vizba Valandovo Winery“- ексклузивен партнер за сите венчавки.
Слоганот на нашите слатки партнери е: Животот е посладок со Sunday! – Sunday висококвалитетни домашни колачиња и десерти.

„Ottimo handmade“ – лептир машни и џебни марамчиња рачно произведени во Македонија на стилот му даваат уникатен печат.
Деталите разубавуваат, даваат печат препознатлив за Вас и затоа „Каталеја“ е задолжена за детали што ќе ја разубават Вашата свадба. „Casamento“ се задолжени за комплетно организирање на свадбениот ден.
Во склоп на настанот „Скопје Мериот Хотел“ ќе организира коктел со почеток во 18 часот каде што сите идни невести и двојки ќе можат да дознаат се за организација на нивната свадба во хотелот. На коктелот покрај сите потребни информации, идните невести ќе имаат можност да добијат ваучери со попуст за свадба во „Скопје Мериот“, како многу другу подароци за кој што ќе биде организирана лотарија.

Потенцијалните невести кои сакаат да присуствуваат на настанот треба да ја пополнат оваа апликација (https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd0jhcaC8U_Z0I4ArbBAA_83fnh9uSzRXp2BQyNTSpHb0-I3A/viewform ) најдоцна до 1-ви февруари и да чекаат повратен одговор на нивната е-маил адреса. Доколку го потврдиме Вашето место можете да присуствувате со уште едно лице. Бројот на места е ограничен и исклучиво со пријавување.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.