Промоција на монографијата “Марков манастир”

Со радост и задоволство ви соопштуваме дека излезе од печат монографијата „Марков манастир – Св. Димитриј, внатрешниот духовен живот“, во авторство на игуманијата Илијана, во издание на ПНВ Публикации, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

По тој повод, на 13 февруари (вторник), со почеток од 19:00 часот, во свечената сала на Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, ќе се одржи промоција на изданието.
Промотори на монографијата ќе бидат проф. д-р Елизабета Димитрова и проф. д-р Јован Белчовски.

Монографијата „Марков манастир – Св. Димитриј, внатрешниот духовен живот“ е труд кој е посветен на различни аспекти од вековното опстојување на манастирот. Во изданието се опфатени различните димензии кои ја даваат пошироката слика на манастирот, тргнувајќи од историско-културниот аспект, па сѐ до естетската димензија и духовно-монашкиот елемент низ вековите па сѐ до денес.

Ја користиме оваа можност да упатиме покана за Вашето присуство на настан.

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.