Illa J (Detroit, USA/live act) at MKC

Funky Fresh & Младински Културен Центар ви го претставуваат Illa J(Detroit, USA/live act)

10 февруари во хип хоп-от е датумот на кој не напушти еден од најголемите! На тој ден 2006 година, музиката остана без James Dewitt Yancey – J Dilla, затоа на тој ден секоја година го празнуваме неговото дело и музиката што ја остави во наследство.
Funky Fresh од своето оформување ги започна “Just Dilla” настаните, каде нашата dj екипа ја презентира богатата хип хоп, нео соул и r’n’b дискографија на Dilla. Минатата година имавме и специјален гостин, N.Y. легендата Jeru the Damaja, кој не почести со freestyle на инструментали од J Dilla!
Годинава, на 12 годишнината од неговото прерано заминување, имаме навистина специјален гостин! Funky Fresh во соработка со МКЦ cо големо задоволство ви го најавува Illa J (Detroit,U.S.A.), помладиот брат на J Dilla, член на Slum Village и Yancey Boys, пеач, рапер, продуцент, музички автор, добар на микрофонот, на MPC-то, на грамофоните, на клавијатурите и на бас гитарата. Во својата 9 годишна кариера има два соло албума, два албума со Slum Village, еден со Yancey Boys, два EP-ја, два официјални микстејпи и многу гостувања (J Dilla, Bishop Lamont, Black Milk итн.)
Illa J ќе се претстави пред нашата публика со настап во живо, микс од “живи” инструменти и “dj” инструментали. Во склоп на вечерта ќе имаме и специјален J Dilla “MPC” tribute перформанс од страна на битмејкеротNin Vibe (Raw’n’Wicked, Скопје) А боите на Funky Fresh вечерта ќе ги “бранат” со свои “Dilla” сетови DJ ChvareDJ Drazi Drags и Goce (S.A.F.).
Настанот ќе се одржи во денсинг салата на МКЦ, на 10 февруари 2018, со почеток во 22 часот. Цената на билетите, промотивно до нова година, ќе биде 250 денари, од 1ви јануар 400 денари, а на самиот влез, 600 денари. Билетите ќе може да се набават од 25 декември, понеделник, во продажната мрежа на mktickets.mk, kupikartizase.com и на билетарата на МКЦ.

Следете не:
https://www.funkyfresh.es/
Funky Fresh
Младински Културен Центар
Illa J
J Dilla
https://www.discogs.com/artist/324866-J-Dilla
https://www.discogs.com/artist/1021038-Illa-J

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.