Ќазим Асотиќ нов В.Д директор на МОБ

Од страна на министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, беше назначен новиот в.д директор на Македонската опера и балет, Проф. м-р Ќазим Асотиќ – Прв Фаготист – Солист во оркестарот на Македонска oпера и балет (редовен член од 1991 г.)

Образование: МБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје, отсек-Фагот  (од 1981 -1985)

 Факултет за музичка уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (од 1987 – 1991)

 Магистратура по Фагот на Приштинскиот Универзитет-Косово (од 2006 – 2007)

 

Работно искуство: Стипендист и хонорарец во оркестарот на МОБ (од 1987 – 1991)

Прв Фаготист – солист во Симфонискиот Оркестар – Ниш (од 1996 -1998)

Вонреден професор на Музичката академија на Приштинскиот  Универзитет (од  2007 -2012)

 

Перформанси:

(музичко – сценски дела)

 

  • Македониум

Музичко – сценско дело по либрето на Асотиќ, одбрани македонски народни песни отсвирени на класични симфониски инструменти, учество како актер и инструменталист со режија и лична продукција и учество  на други наши врвни уметници;

 

Сонот на Моцарт

Музичко – сценско дело по либрето на Асотиќ, учество како актер и инструменталист во дувачкото трио, лична продукција со учество и на двајца наши врвни уметници;

Турска соба

Наменска претстава во соработка со турската Амбасада во Р. Македонија за денот на нивната државотворност.

„Истанбул е поезија“ е насловот на поетската вечер во Македонската опера и балет. Поезија на македонски и  турски јазик интерпретираат Сашко Коцев, Јана Стојановска, Џунејт Турел и Тилбе Саран. Сценарио и режија, Асотиќ

Ориент експрес

Балетскиот перформанс на балетското студио „ Ребис“ преку проектот „Ориент експрес“ . Одбележана 15 годишната успешна работа на студиотот. Сценарио, продукција и режија, Асотиќ.

„Life is cabaret“ – Лајза Минели (мјузикл)

Продукција Асотиќ, режија Наташа Поплавска, со учество на камерен оркестар на МОБ, камерен балет на МОБ и наши познати актери. Изведувана во Хотел „Александар Палас“ во оригинален кабаретски амбиент.

Проектот беше под покровителство на Министерството за Култура Март, 2006 год,

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.