Истражување и развој на производ и услуга со Сергеј Зафироски

Истражувањето и развојот во суштина претставува инвестиција во знаење, технологија и создавање на можности, кои се трансформираат во нови производи, процеси и услуги и се развиваат нови конкурентски предности.

Creative Hub уште еднаш ви озможува бесплатно да ги надоградите вашите знаења во одделот на Маркетинг. Благодарение на нашиот предавач во Академијата за Маркетинг и ПР, Сергеј Зафироски ќе зборува за клучните тематики за истражувањето и развојот на производи и услуги. Истите се:

• Што претставува истражување и развој?
• Какво е значењето на активностите за домашната економија?
• Што е истражување и развој на нови производи и услуги?
• Кој е процесот односно предусловите кои треба да ги имаат компаниите или претприемачите за да
• Како успешно да се испита мислењето на потрошувачите за производот и услугата?
• Како до успешна комерцијализација на производ?

По завршување на предавањето ќе имате можност и вие самите да развиете панел дискусија за било какви прашања/мислења на темите и ќе добиете одговори од нашите експерти.
Настанот ќе се одржи во Кантина на 13.2.2018 (вторник) од 18:00 до 20:00 часот.

Местата се ограничени!
Пријавете се на следниот линк: https://goo.gl/forms/ vovJXNjpBbQrKtOG3

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк