Love Guru – (Introduction + Part 1) – Сродна душа, вистина или мит?

Нешто што треба да потсеќа на вовед…

Живееме во свет каде што постојат милион статии како да го освоите мажот од своите соништа, каде што блогерки од целиот свет пишуваат што мажите сакаат од вас додека се валкате во креветот итн…

Но, јас се решив на нешто поинаку… А, тоа е многу едноставно… Како да го задржите мажот од вашите соништа.

Безвезно од сам почеток? Безнадежно и нова глупост?

Или пак сепак тлее некое жарче кое ви вели: Почекај, можеби ќе успее нешто да зачне во тебе?

Прв дел

СРОДНА ДУША – ВИСТИНА ИЛИ МИТ?

Како прво, мора да знаете дека сродната душа не се раѓа, туку се ствара. Многу фактори влијаат за оформирањето на вашата душа. Една од нив е токму раното детство, средината во која сте пораснале, влијанието од родителите, однесувањето на вашите сооученици во училиште итн.

За жал најмногу од сѐ го занемаруваме тој факт, или пак уште полошо сакаме да живееме во илузија дека нашето растење и созревање нема апослутно никаква врска со пронаоѓањто на сродната душа… И, затоа патиме на крајот од денот. Зар, не?

И да, уште од сега би ви препорачала да не се тешите безнадежно дека спротивностите се привлекуваат. Никако! Може само да се надополнувате, бидејќи вие сте половина срце и вам ви треба другата половина за да бидете едно цело, кое ќе си стои совршено, кое совршено ќе се поклопува.

Најпрвин би сакала логички да ги согледаме работите преку разни примери за да дојдеме до конечното решение. А, сигурна сум дека следниот пат кога ќе ја читате блогов, до вас ќе виде вашиот г-дин Совршен. Многу самоуверено, нели?

Можеби затоа што јас го најдов мојот, па сакам и вам да ви помогнам…

И, да… Јас ќе бидам вашиот Љубовен Гуру.

Текстот е превземен од cinderfackinrella

Share Button