Поетско дружење со Елена Пренџова

Во вторник, 13. февруари, 1 ден пред Денот вљубените во 18 часот во просториите на библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово ќе рецитираме љубовна поезија и ќе разговараме за поезијата со поетесата и слемерка Елена Пренџова по повод објавувањето на книгата есеи „Мини прирачник за поезија“.

Воведна реч за делата на Пренџова ќе има поетесата Оливера Доцевска, која воедно ќе биде и модераторка на вечерта. Доцевска и Пренџова соработуваа како уреднички на Инклузивната антологија на современи македонски поетеси „Ова е моето последно молчење“ што излезе од печат во 2016 година во издание на издавачката куќа „Антолог“.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк