Love Guru (Part 2) – Прв дејт

ПРВ ДЕЈТ

Да речеме дека некој тип многу ви се допаднал и ве викнал на дејт. Зрачите со позитивна енергија и надеж дека овој пат нешто ќе вроди со успех. Oблекувате најсекси парче облека, како и секси долна облека за секој случај, се трудите шминката да ви изгледа што поприродна и што е можно поженствена, ги облекувате високите потпетици и палите на првиот дејт.

Седнувате. Нарачувате пијалок. Во глава ви се вртат неколку теории: Дали ако нарачам пиво, ќе изгледам многу „братски“, дали ако нарачам некој жесток алкохол ќе помисли дека може вечерта побрзо да ме „ќари“, или пак, дали ако нарачам сокче ќе изгледам многу детски… А, сепак да се напијам кафе?

СТОП! СТОП! СТОП! Мажите сакаат жени кои пијат пиво, бидејќи самите тие го сметаат за земјената амброзијата… Мислам дека да има пиво дури и во пеколот, тие без размислување би гореле во него. Ако сакаш да пиеш виски, коњак, вотка, слободно… Па, сите ние имаме по некој напорен и тежок ден, зарем не? И воопшто не е детски да се напиеш сок, па и искусните пијат Швепс…

Биди тоа што си, немој да се трудиш да бидеш поинаква од она што си навистина, бидејќи еден ден сите маски паѓаат… Подобро е да те откачи на првиот дејт, отколку на сто и десетиот… Нели? А, и ќе знаеш од сам старт дека не е за тебе, немаш зошто да си го трошиш времето без везе…

Во меѓувреме почнувате да се шалите, да се зезате за разни глупости… Пробувате да ја победите мртвата тишина и некако успевате во тоа. Паѓа и првиот бакнеж и вие веќе сте таму негде меѓу облаците….

Во случај ако ова ти е како гром од ведро небо, ѕирни тука.

Превземено од cinderfackinrella

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк