Симфонски концерт за деца со Македонската филхармонија и Ивце Пивце

Македонската филхармонија продолжува да ги реализира Симфониските концерти наменети за најмладите. На 3 март (сабота) во 12 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи концерт под наслов „Музичка екскурзија со Пакомак“, на кој како аниматор ќе се претстави познатиот водител на детски емисии – Ивце Пивце.

Диригент на концертот е маестро Фи Фи Ле, а ќе бидат изведени композиции од Хајдн, Респиги, Вивалди, Штраус, Бетовен, Сметана…

Концертот „Музичка екскурзија со Пакомак“, како што кажува и самиот наслов, ќе биде посветен на екологијата, ќе се зборува за чистата природа, за соживот на растителниот и животинскиот свет, за чување на нашата околина… Приказната зборува за група на ученици кои одат на екскурзија и за нивните перипетии кои ќе што им се случуваат по патот…

Ова е уште еден од едукативните концерти на Македонската филхармонија чија мисија е преку класичната музика, но и преку еко приказната, да влијае врз образованието на најмладите и да ја прошири нивната свест за екологијата, надвор од училишните клупи.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк