Детскиот фестивал “Поточиња” на 24 и 25 март прославува 15 години јубилеј

Пролетта во Скопје традиционално е резервирана за детскиот фестивал „Поточиња”. Новото издание „Поточиња 2018” ќе се одржи на 24. и 25. март 2018 година во Македонска опера и балет и воедно ќе значи прослава на 15 години јубилеј на овој реномиран детски фестивал.

 

Организаторот Пап продукција најавува специјално роденденско издание исполнето со нови песнички, прекрасни приказни, изненадувања и специјална роденденска програма. Домаќин на дечињата ќе биде популарната маскота „Поки” која ќе ја води публиката низ ова јубилејно издание.

 

На репертоарот се 6 претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот. Билетите по цена од 200 денари се во продажба на билетарата на МОБ, Југотон и онлајн на www.jugoton.mk.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк