ЈАВЕН ПОВИК за поддршка и промоција на предлог проекти за реализација на Програмата за развој на креативните индустрии

Програмата за развој на креативните индустрии „7.СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2018” треба да обезбеди промоција на вредности, производи и услуги од областа на креативните индустрии како што се: дизајн (проект дизајн/ индустриски дизајн, графички, моден, мебел дизајн … (применети и функционални креации), визуелни уметности, културни локации, нови медии, креативно-едукативни услуги; изведбени уметности, аудио-визуелени уметности, традиционални културни изразувања, издавачки и печатени медии со акцент на применливото.
Право на учество
На конкурсот може да учествуваат правни лица регистрирани за вршење дејност од областа на културата и позитивната законска регулатива во Република Македонија и физички лица, кои делуваат во рамките на следните дејности: дизајн (продукт, графички, моден дизајн …); архитектура/ентериер; занаети; филм, ТВ, видео, радио, фотографија; ИТ сектор, дизајн на софтвери, компјутерски услуги; издаваштво; музеи, галерии, библиотеки; огласување, маркетинг и друго.
Забелешка
На конкурсот се повикуваат учесници кои ќе аплицираат за целосна или делумна продукциска/финансиска поддршка, но и учесници кои не бараат никакви финансиски средства а се пријавуваат за фестивалски настап со конкретен проект/активност.
Услови за финансирање
За добивање на финансиските средства за спроведуавање на Програмата за развој на креативните индустрии „7.СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2018“, правното и физичко лице треба да ги исполни следните услови:

– Правните лица да бидат регистрирани во Централен регистар на РМ / физичките лица да живеат и делуваат во Република Македонија.
– Правното / физичко лице да аплицира со инвентивен прототип (фокус на Скопје креатива 2018), истиот може да биде во партнерство со национални, јавни, приватни или независни институции и организации од областа на култура, наука, технологија и/или други области од економијата, меката и тешката индустрија.
– Правното / физичко лице да има референтна листа или ЦВ од најмалку три (3) реализирани проекти од областа на културата или креативните индустрии.
– Правното / физичко лице да има искуство во менторирање или реализација на работилници, тренинзи, обуки, предавања од областа на културата или креативните индустрии.

Критериуми за учество
Правото за спроведување на Програмата за развој на креативните индустрии
7.СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2018 под мотото 7 Times 2 Creativity / 7 Пати до креативност, ќе го добие правното и/или физичко лице кое ќе понуди прототип/програма/проект дизајн што ги исполнува некои од следните критериуми:

– Оригиналност и иновативност на програмскиот/проектниот концепт, со цел надминување на класичните поделби по области во уметноста и дизајнот.
– Современ пристап во поврзување на нови технологии и дигитални медиуми во уметничкото творештво и други облици на креативно изразување.
– Промоција и активности за подигнување на свеста за значењето на креативните индустрии.
– Акционен план за реализација на активностите во рамките на програмата/проектот.
– Мултидисциплинарни, интердисциплинарни и мултикултурални активности кои се предвидени во рамките на програмата/проектот.
– Инволвирање на креативните индустрии во формалните и неформалните образовни процеси во Скопје, со цел развој на креативна младина.
– Поттикнување на претприемачките и бизнис вештини кај младите, уметниците, дизајнерите и поединците/групите во рамките на креативните индустрии.
– Активности со продажен потенцијал (вклучувајќи и попап продавници).
– Издржаност на програмата/проектот кој/а ќе се базира на концепт со одржлив развој.
– Активности од меѓународен карактер (преку партнерства и копродукции).
– Стимулација, реализација и презентaција на творештвото на креативните потенцијали на децата и младите, за остварување на креативни проекти.
– Финансиски најповолна понуда, која е реално остварлива.

Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати, потребно е да ја преземат пријавата од официјалната веб страна на www.skopjekreativa.mk, истата во целост да ја пополнат, потпишат и заверат со печат (за правни лица); за физички лица -пријавата да ја пополнат и потпишат.
Покрај пријавата кандидатите задожително треба да достават:

– Наслов, детален опис, скици, концепт на предлог проект за прототип, проект дизајн, програма со предлог финансиска конструкција за реализација на истата. (за правни и физички лица).
– Основни податоци од регистрацијата на правното – Тековна сметка не постара од 6 месеци од Централен регистар на РМ (копија во печатена форма).
– Биографија/ЦВ/Референтна листа (евиденција) на реализирани претходни проекти во печатена форма (за правни и физички лица).
– Професионално портфолио на ЦД/ДВД (за правни и физички лица).
– Точно пополнета пријава (за правни и физички лица).
– Професионална биографија/ЦВ на стручните лица – соработници, кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот (за правни и физички лица).
(Документите да бидат доставени во печатена и дигитална форма/ЦД/ДВД)

Конкурсот трае од 01.03.2018 до 21.03.2018.
Пријавите треба да се достават во адресирано плико до Ј.У. Конгресен центар „Александар Македонски“(Универзална сала, Скопје), по пошта на адреса: бул. „Партизански одреди“ б.б. или лично во Архивата на Ј.У. Конгресен центар „Александар Македонски“(Универзална сала, Скопје), најдоцна до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на КОНКУРСОТ (со назнака на пликото: За 7.Скопје креатива 2018).
Трудовите ќе ги оценува стручна Комисија.
За резултатите од Конкурсот подносителите на пријавите ќе бидат информирани во писмена форма во рок од петнаесет дена по истекувањето на конкурсот, поточно по донесувањето на одлуката за избор на најповолни понуди.
Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледани.
Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на имејл info@kongresencentaram.mk, skopjekreativa15@gmail.com

Документ за пријава тука

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк