50 ГОДИНИ КАРИЕРА НА ЈОСИПА ЛИСАЦ- ГАЛА КОНЦЕРТ ВО НОВАТА КОНЦЕРТНА САЛА НА МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА!

Огромно задоволство ни е да ви најавиме дека една од најуникатните музички појави воопшто во регионот на сите времиња, неприкосновената Јосипа Лисац, во рамки на својата турнеја „50 години Јосипа“, после распродадените големи концерти во арена Пула, Сава Центар, неколку последователни концерти во Лисински во Загреб, својот последен концерт во оваа низа ќе го одржи во Скопје, во новата сала на Македонската Филхармонија.

Јосипа Лисац има таква кариера да нема никаква потреба ништо дополнително да се објаснува, освен да се каже дека сме неверојатно радосни што во нејзиното се` поретко одење на турнеи влегува и Скопје и тоа со ваков гала концерт.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од сабота (03.03) во 9 часот наутро преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, по следниве цени:

GOLDEN SEATS- 2.000 ден

SILVER SEATS- 1.500 ден

ВАЖНО: Се одржува само еден ексклузивен концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 800 влезници.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк