Опасна слобода vs. Мирно робство

Има една Албертина, девојка која своето секојдневие го поминувала на распатијето помеѓу мирниот живот и тајните опсесии. Доказ дека пилотот може да управува со авионот само доколку ја гледа голата месечина е Таа. Понекогаш топлите денови и врелите ноќи можат да бидат причина за каење. Фатални се меланхоничните ноќи, од кои се гледа призмата на едно недофатно тело кое копнее за свеж пролетен ветер, ѕвук на ноќни птици и мирис од немирни нарциси. Тенка е линијата помеѓу копнежот по забава и верните чувства, ми вели Албертина. Пример дека постои опција да ја изгубиш секоја контрола и да те напушти размот е истата таа. Осамени калдрми можат да бидат последица, за непромислените потези, но… Понекогаш сите тие одлуки кои им посветуваме внимание можат да бидат и причина за едноличен живот и живеење по инерција. Албертина тоа не го сакаше и не го замислуваше затоа и замина. Сакав да ја прашам, дали во секундата кога нејзините усни го чувствуваа допирот на банкнотите не почувствува немир и каење, но предоцна. Дали можеш да ги решиш сите немири со едно кратко писмо? Сите заблуди и сите неодговорени прашања понекогаш завршуваат исто како во случајот на Албертина т.е замолчуваат засекогаш. Или пак можеби сите моменти проживеани во тие некои златни кафези можат да бидат причина за сите проживеани ноќи во дим и забава, во загушливи простории со црвени теписи. Дали способноста да можеш да чувствуваш одредени работи кои повеќето не можат,во исто време прават и психопат? Албертина можеше, затоа и замина. Сакаше да ги може да ја почувствува слободата, ја почувствува. Сакаше забава, ја доби. Ги правеше сите работи за кои многумина велиме: „Кога ќе пораснам..„ Верувам дека повеќето не би живееле таков живот затоа што каењето ги плаши, се плашиме да ја погледнеме реалноста во очи и да си признаеме дека сме преслаби да се препуштиме на чувствата и потребите кои извираат од секое човечко битије. Сите вредности кои го исполнуваат животот остануваат во нас, со тоа што се препуштаме на животот без стрес не значи дека ги губиме. Важно е на крајот од денот да останеш човек, да останеш верен на себе иако знам дека е тешко но тоа единствениот начин да оставиш дел од тебе кој ќе сведочи за твоето постоење.Иако не сакаме да си признаеме, но животот се врти околу три страсти, за власт и имот, за телесни задоволства, за пари и слава- признале тоа или не,  Пруст тоа многу добро го докажа. Како што сите птици не се исти и како што сите планини не се исто моќн така и ние луѓето, вашно е да знаеш да го цениш животот ама во вистинска смисла. Ништо на овој свет не може побрзо да те убије од твоите мисли, да живееш е најубавата работа на овој свет а некои луѓе само постојат и ништо повеќе. Не биди таков, имаш толку причини да бидеш среќен бидејќи имаш можност да се сакаш и да уживаш во денот. Верувај си, сите луѓе барем еднаш во животот паднале, но ако веќе треба да паднеш нека биде од поголема висина!

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк