ПОЕТЕСАТА И ПИСАТЕЛКА ВИКТОРИЈА ПЕТРОВСКА НА ЛИТЕРАТУРНИTE МАНИФЕСТАЦИИ ОДДРЖАНИ ВО НЕГОТИНО

Младата и исклучиво талентирана поетеса и писателка Викторија Петровска повторно ‘’блесна’’ на традиционалните литературни манифестации чиј организатор е познатата писателка Милица Паулус, овојпат оддржани во домот на културата во Негототино.
Викторија вели дека е задоволство да се учествува трдиционално на овие манифестации кои се насловени како ‘’Македонска лирска поезија”, “Прозно перо’’ и “Поетска Гала’’.

Минатата година овие манифестации се оддржаа во Штип, каде Викторија ја понесе највисоката награда за најубава напишана песна на ниво на Македонија.
Таа вели дека наградите се само составен дел од манифестациите. Бидејќи, како што вели таа сите на некој начин сме победници.

Најбитно, пред се’ е дружењето со колегите по перо, со драги луѓе, вљубеници во убавиот пишан збор, споделувањето на убавата мисла и многуте насмевки и прегратки.
Оваа година Викторија ја доби третата награда за убава лирска песна, признание за еден од најдобрите напишани раскази, а беше пофалена и како еден од најдобрите интерпретатори во салата.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк