МУАБЕТИМЕ СО ВИКТОРИЈА ДУКОВА-МЛАДА, ТАЛЕНТИРАНА, АМБИЦИОЗНА…

Драги постоечки и потенцијални креативци запознајте ја Викторија Дукова, девојка со смел стил на живеење, млада, талентирана и амбициозна.

Ајде прво да ја запознаеме јавноста која е Викторија?

Викторија Дукова е 18 годишна средношколка, која учи во Средното Стручно училиште ‘’Димитрија Чуповски’’ во Велес. Живее во Градско.

Тааа е  една сосема обична, искрена и љубопитна девојка, која ужива во убвините што ни ги нуди музиката.

Да им откриеме на твоите обожаватели од кога и од каде љубовта кон музиката?

Љубовта кон музиката се јавува од мојата најрана возраст, или поточно од моите 9 години кога случајно се појавив на аудија на еден музички фестивал..И од тука како да почна се’…

Освен музиката која друга уметност ја користиш за да ги изразиш твоите емоции?

Покрај тоа што обожавам да пеам, исто така голема љубов и пасија ми е читањето книги. Па често знам да седнам и да напишам нешто свое, црпејќи инспирација од настаните од секојдневието, од љубовта и сите оние теми кои не’ допираат нас младите.

Колку твоите најблиски те поддржуваат во она што го правиш ?

Оние кои ме познаваат  знаат колку ја сакам музиката и секако ми претставуваат најголема поддршка и мотивација. Па така често кога сме собрани во друштво бараат да им запеам, а јас го правам тоа со огромно задоволство..Често добивам комплименти и од луѓе кои не ги познавам, за кои морам да признаам дека ги доживувам како лична сатисфакција.

Дали Викторија има омилен пејач/пејачка од нашата музичка естрада?

Искрено тешко е да се одлучам за некој посебно, но тука секако би ги издвоила нашиот еден и единствен Тоше, потоа Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Наташа Малинкова и др.

Каква музика најчесто бараат  да им отпееш на своите ‘’фанови’’?

Па не знам дали се’ уште можеме да зборуваме за мои фанови, но оние кои ме слушаат и кои го сакаат моето интерпретирање, најчесто бараат да им отпеам нешто странско…

Како еден млад човек може да се промовира и другите да слушнат за него и неговиот талент? 

Па доколку се сака се ‘ е возможно. Јас тргнувам од таа премиса. Колку би слушнале другите за нас, зависи најмногу од самите нас. Доколку посакуваме нешто толку силно, потребно е многу време, работа и труд за да се оствариме како успешни личности и пред се’ да се покажеме и докажеме пред останатите. Во врска со пеењето сметам дека еден млад и талентиран пејач може да се докаже преку снимање кавери, пријавување на некое музичко шоу и слични настани, каде ќе може да го покаже она што го умее пред другите.

Дали и колку сметаш дека преку социјалните мрежи може да се дојде до себепромоција?

Да. Јас лично сметам дека предноста на социјалните мрежи лежи токму во себепромоцијата. Посебно на оние кои се талентирани и успешни, како другите би можеле да дознаат и слушнат за нив.

Инстаграм е мојата омилена социјлна мрежа, таму најчесто го споделувам она што го работам и изведувам.

Follow Me -> thedarkersoul <-

Каде Викторија се гледа себеси во иднина?

На некое подобро место.  Можеби пред малите екрани…Хахах…Искрено не сум размислувала..Се оставам на околностите и на ‘’5 до 12’’ што би рекле народски…

Што би им препорачала на нашите читатели?

Верувајте во себе и правете го она што вам Ве прави среќни , не останатите.

Бидете свои без разлика на околностите. Луѓето? Тие секогаш ќе најдат повод да зборуваат.

Ви благодарам.

Share Button