Крик на жена (Woman Scream Festival for Poetry and Art)

ДОЈДЕТЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ

На ден, 28.03.2018, од 19 часот во МКЦ (Клуб ресторан), во Скопје, ќе се оддржи по третпат Крик на жената – Меѓународен фестивал на поезија и уметност (Woman Scream – International Festival for Poetry and Art) ширум светот познат како Women Poets International Movement (Mujeres Poetas Internacional MPI), кој потекнува од Доминиканската република и е координиран , на меѓународно ниво од страна на Jael Uribe, како Претседател на MPI.

Националните координаторки за Македонија се поетесите Оливера Доцевска и Елена Пренџова , со поддршка на здружение Јустиција, во заедница со координаторите/ките од преку 30 држави од целиот свет, како Доминиканската Република, Шпанија, Мексико, Пуерто Рико, Аргентина, Франција, Луксембург, Италија, САД, Белгија, Норвешка, Луксембург, Канада, Грција, Австралија и многу други.

Фестивалот оваа година ќе се одржи во чест на мајките како водичи на новите генерации, посветен на живот без насилство и во чест на мајките кои ги изгубиле своите ќерки, кои биле жртви на насилство. Мотото на меѓународниот фестивал оваа година е „Flashlights of Hope“ („Блесоци на надежта“).

Фестивалот, претставува светски синџир на настани, прослави во март (од 1-ви до 31 –ви) каде што поети, уметници и организации(жени и мажи) од различни земји волонтираат во чест на жените и испраќаат пораки на самодоверба, почит и го зајакнуваат гласот против насилство врз жените, на рамноправна основа .

Учествуваат:
Панелистките Билјана Дуковска од Македонска Платформа против сиромаштија – МППС, Љатифа Сиковска од НВО Амбрела, Снежана Смилевска од Организација на жени Скопје , Наташа Доковска од Новинари за човекови права, Студио за танц Вајб со модерен танц и салса перформанс во кореографија на Милена Манева, Коста Андонов и Марта Арсовска, балетски перформанс на композиција на композиторката Дарија Андовска за фиксен медиум , во кореографија на Елена Антонова Петровиќ и изведба на ученици од ДМБУЦ Илија Николовски Луј и студенти од ФМУ (балетска педагогија), поетите Стефан Митиќ и Богосав Пејиќ од Лесковац, Србија, Немања Стојковиќ – Блеки од Врање, Србија , Даниел Кубас Ромеро од Перу, Атанас Чупоски, Анета Василева, Пунторие Муча Зиба, Ирена Јурчева, Сања Атанасовска, Ана Љубиќ, Елена Пренџова, Џабир Дерала и Оливера Доцевска од Македонија, пејачите Игор Узунов и Валентина Ѓорѓиевска Парго, модните креаторки Сара Реџиќ – Студио Сари Г и Магдалена Таневска – Студио Магда, мини изложба на накит на Емануела Трајчевска, изложба на делата на ликовните уметници Јана Манева Чупоска, Иванка Баскар Апостолова, Тони и Еми Тоциновски, Лара Ташковска Ларсон, изложба на уметничка фотографија на фотографот Цветан Гавровски, фотографија Анастасија Павловска и civilmedia.mk

Со поддршка од:

UN Women, Градоначалник и Општина Центар, МКЦ Клуб ресторан , Македонска платформа против сиромаштија –МППС, Yeni Yildiz Turk Denrgi (Турско здружение Нoва Ѕвезда), НВО Амбрела Скопје, Организација на жени Скопје, Новинари за човекови права, Здружение Хуманост Скопје, Студио за танц Вајб Скопје, , Студио Сари Г, Студио Магда Цивил Центар за слобода и civilmedia.mk, Јустиција и budnost.mk

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк