27 март 2018 – Светскиот ден на театарот / Известување до македонските медиуми

Оваа година е јубилејна година за меѓународната мрежа на ИТИ УНЕСКО, мрежата слави седумдесет години од своето постоење и делување (1948-2018). По тој повод, како јубилејна година, регионалните центри на ИТИ ( Европскиот центар/Совет на ИТИ, Африканскиот центар/Совет на ИТИ, Азискиот центар/Совет на ИТИ, Американскиот центар/Совет на ИТИ, Арапскиот центар на ИТИ) организираа повелби за пет заслужни театарски уметници од светот.
Оваа година своите искуствени и емотивни видувања за светот и театарот ги споделија – Сабина Берман од Мексико (Писател, драмски автор, новинар), Сајмон МекБарни од Велика Британија (театарски и филмски режисер), Маја Збиб од Либан (Театарска режисерка, изведувач, писателка, коосновач на Театарската Куќа „Зукак“ ), Рам Гопал Баџаџ од Индија (Театарски режисер, театарски и филмски актер, академик, поранешен директор на Националната драмска школа, Делхи) и Вере Вере Лајкинг од Африка (Мултидисциплинарен уметник).

Преводите на македонски јазик ги изработија – Сашо Огненовски (актер, режисер, писател), Драгана Евтимова (писател, преведувач), Кристина Пешева Диновска (музичар, преведувач) и Иванка Апостолова Баскар (професор, организатор, преведувач). Преводите се објавени на официјалниот вебсајт на ИТИ УНЕСКО:

http://www.world-theatre-day.org/pdfs/2018RamGopalBajajMacedonian.pdf
http://www.world-theatre-day.org/pdfs/2018MayaZbibMacedonian.pdf
http://www.world-theatre-day.org/pdfs/2018SimonMcBurneyMacedonian.pdf
http://www.world-theatre-day.org/pdfs/2018SabinaBermanMacedonian.pdf
http://www.world-theatre-day.org/pdfs/2018WereWereLikingMacedonian.pdf

(Повеќе информации во атачмент – пораките на уметниците со нивните кратки биографии; компилирани фотографии)

Со големо задоволство ве известуваме дека Програмскиот одбор на Македонскиот центар на ИТИ за оваа 2018 година, го избраа талентираниот, каризматичен и духовит актер и стенд ап комичар Г. Сашко Коцев (МНТ Скопје), за автор на македонската театарска порака по повод Светскиот ден на театарот.
Ви го испраќаме ставот за македонскиот современ театар на Сашко Коцев во рамките на неговата авторска порака; Македонскиот центар на ИТИ го покани фотографот Дејан Колевски кој ја изработи промотивната сесија со Сашко Коцев. Целта на овие фото сесии изработени на денска светлина, е со цел да допреме до изворната природа на карактерот на театарските уметници (вон сцената и вон рефлекторите на сцена); вон сценскиот хумор и провокации – директно до убавината и рефлексиите на човекот: Сашко Коцев.
(Повеќе информации во атачмент – Македонската порака на Сашко Коцев (актер и стенд ап комичар; промотивната фото сесија со Сашко Коцев изработена од фотографот Дејан Колевски по повод Дветскиот ден на театарот)

Почитувани, однапред ви благодариме за сите ваши објави; благодарност за вашето внимание.

Со искрена почит и срдечен поздрав,
Д-р Иванка Апостолова – Раководител на Македонскиот центар на ИТИ
http://www.world-theatre-day.org/ (повеќе за Светскиот ден на театарот)
https://www.iti-worldwide.org/index70.html (Официјалниот сајт на ИТИ УНЕСКО)
https://www.iti-worldwide.org/macedonia.html (Линк до Македонскиот центар на ИТИ)
https://www.facebook.com/pg/MacedonianCenterofInternationalTheaterInstitute/photos/?tab=albums (Фејсбук страната на Македонскиот центар на ИТИ)

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк