ВЕРЕВЕРЕ ЛАЈКИНГ, Брегот на слоновата коска (Африка)

Еден ден

Човекот реши да си постави прашања себеси пред огледало (публика)

И да си измисли одговори за себе пред ова исто огледало (неговата публика)

Да се критикува себеси, да се забавува со сопствените прашања и одговори

Да се смее и да плаче, како и да е, и на крајот

Да го поздрави и да го благослови своето огледало (неговата публика)

Што му го даде овој момент на инает и на одложување

Тој му се поклони и го поздрави за да му покаже благодарност и почит…

Длабоко, долу, тој беше во потрага по мир

Мир со себе и со своето огледало:

Тој правеше театар.

 

Тој ден, тој зборуваше

Презирајќи ги своите недостатоци, своите парадокси и изместувања

Шокирајќи се себеси низ мимикрија и изобличеност

Неговата ништожност што го уништи неговиот хуманизам

Неговите измами кои водеа до катаклизми

Тој си зборуваше себеси …

Обожувајќи се себеси во своите надоаѓачки изблици

Во својата аспирација кон големината, кон убавината

Подобро битствување, подобар свет,

Што тој ќе го изгради од сопствените мисли

Што би ги исковал со сопствените раце

Ако од себе кон себе самиот во огледалото го посакал тоа, си вели сам себе

И тој и неговото огледало ја споделуваат желбата …

Но, тој знае: тој правеше претстави

Од потсмев, несомнено, од илузија,

Но исто, секако, ментално дејствие,

Конструкција, Пресоздавање на светот

Тој правеше театар …

 

Дури и со торпедирање на сите надежи

Со неговите зборови и обвинувачки гести

Тој беше склон кон верувањето

Дека сѐ може да се постигне во една единствена вечер

Со неговите луди зјапања

Со неговите слатки зборови

Со неговите пакосни насмевки

Со неговиот вкусен хумор

Со неговите зборови кои, дури и кога повредуваат или кога се лелеат

Изведуваат хируршка операција за ново чудо

Да, тој правеше театар…

 

И општо,

Дома во Африка

Особено во делот Камите[1], од каде што доаѓам јас

Нам не ни е грижа за ништо

И само се смееме, тагуваме додека плачеме

И си заминуваме кога ќе нѐ разочара

Со Гбегбе[2] или со Бикоуци[3]

Изрезбарени се страшни маски

Гле[4], Вабеле[5] или Пониуго[6]

За да се создадат Бескомпромисните Принципи

За нам да ни се наметнат кругови и времиња

И кукли, кои како нас

Завршуваат создавајќи ги своите Креатори

И со потчинување на нивните манипулатори

Ги замислуваат ритуалите каде искажаниот збор

Набрекнати со ритмички песни и здивови

Одат далеку до завојувањето на светото

Провоцирајќи танци како трансови

Маѓични речитативи и повици за преданост

Но исто така и над сѐ – бура од смеа

За да се прослави радоста на животот

Дека ниту вековите на ропство и колонијализам

На расизам и дискриминација

Ниту пак вечноста од неизречливите злосторства

Би можеле да ја задушат или да ја откраднат

Од нашата татковска душа од Таткото на Мајката на Човештвото;

Во Африка, како и секаде на светот,

Ние правиме театар …

 

И во оваа посебна година посветена на ИТИ

Јас сум особено среќна и почестена

Што го претставувам нашиот континент

Што ја носам нејзината порака за мир

Мировната порака на театарот

Бидејќи овој континент, што беше неодамна кажано

Дека ништо на светот не може да се случи

Без нечие чувство на најмала малаксаност или недостаток

И тоа повторно се препознава во неговата исконска улога

На Татко и Мајка на човештвото

И целиот свет се истура внатре …

Бидејќи секој секогаш се надева да го најде мирот

Во рацете на неговите родители, нели е така?

 

И како таков, нашиот театар, повеќе од секогаш ги свикува

И ги ангажира сите човечки суштества, и посебно

Сите тие споделуваат мисла, збор и театарска акција

За да имаат повеќе почит кон себе и еден кон друг

Истакнувајќи ги најдобрите човечки вредности

Во надеж за зацврстување на подобрата хуманост во нас

Онаа која ја изнесува интелигенцијата и разбирањето

Употребувајќи го овој дел од најефектните човечки култури

Оној кој најдобро може да ги избрише сите граници: театарот …

Оној највеликодушниот, затоа што тој ги говори сите јазици

Ги вклучува сите цивилизации, ги рефлектира сите идеали

И изразува длабоко единство на сите луѓе кои

И покрај сите конфронтации

Се посебно заинтересирани за да се запознаат подобро еден со друг

И за подобро да се сакаат себеси во мирот и спокојството

Кога претставувањето постанува учество

Потсетувајќи не на должноста за дејствие кое ни се наметнува

Моќта на театарот да не натера сите да се смееме и да плачеме, сите заедно

Со намалувањето на нивното незнаење и подигнувањето на знаењето

За тој човек повторно да постане најголемото богатство на човекот.

 

Нашиот театар бара темелно да се преиспитаат и да се преевалуираат

Сите овие човечки принципи, сите овие големи доблести

Сите овие идеи за мир и пријателство меѓу луѓето

За кои толку многу се залага УНЕСКО

Да ги реинкарнираме во сцените што ги создаваме денес

Така што овие идеи и принципи да станат суштинска потреба

И длабока мисла првенствено на самите театарски креативци

Кои потоа уште подобро ќе ги споделат со својата публика.

 

И токму затоа нашата последна театарска креација озаглавена како „Божествено  дрво“ ги повторува препораките

На Киндак[7] Нго Бијонг Би Кубан[8], нашиот господар, кој вели:

„Господ е како големо дрво“

Од кое може да се види само еден аспект на времето

Од аголот од којшто е набљудувано

Оној што го надлетува тоа дрво може да го забележи само зеленилото

И можеби плодовите и сезонските цветови

Оној што живее под земјата ќе знае повеќе за корените

А оние што се потпираат на дрвото ќе го препознаат

По чувството на нивните грбови.

Оние кои доаѓаат од секоја главна точка

Ќе ги видат аспектите на онаа спротивност што не е неопходно исто така да има приод,

Некои, привилегирани, ќе ја забележат тајната,

Меѓу кората и внатрешнината на дрвото

И сѐ уште другите, интимната наука во срцевината на дрвото

Но без оглед на површноста

Или длабочината на перцепцијата на секој од нив

Никогаш ниеден од нив не е сместен под аголот од кој

Би можеле да се забележат сите аспекти одеднаш

Освен ако и самите не постанете божествено дрво!

Но тогаш, дали ние ќе сме сѐ уште човечки суштества?

 

Онолку колку што театрите од целиот свет се толерираат и се прифаќаат едни со други

За да му служат подобро на глобалната цел на ИТИ

Во насока конечно, на неговата 70та годишнина

Толку  повеќе да има мир во светот

Со силно учество на театарот.

 

ВереВере Лајкинг Гнепо, Мултидисциплинарен уметник

 

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк