Биографија на ВЕРЕВЕРЕ-ЛАЈКИНГ ГНЕПО

Биографија

 

ВЕРЕВЕРЕ-ЛАЈКИНГ ГНЕПО е родена на 1 мај 1950 год во Бонде, Камерун. Живеела на Брегот на Слоновата коска од 1978 година. Таа е мултидисциплинарен уметник. Како писателка има скоро триесет издадени наслови на нејзино име вклучувајќи романи, драми, раскази, есеи, ликовни репродукции и поезија. Како сликар, откако ја земала за првпат четкичката во рацете во 1968 година, таа поставила многу изложби низ целиот свет. Многу повеќе во театарот, покрај тоа што била драмски автор предвесник, таа е исто така и иновативна кукларка, била и режисер на многу големи театарски фрески сите опишани како Африкански опери, а многу од нив извеле доста турнеи низ целиот свет. Глумела и на сцена и на филм, а е исто така и Рап уметник.

 

Како истражувач во Традиционалната Педагошка Техника на универзитот во Абиџан (ИЛЕНА) од 1979 до 1985 година, таа учествувала во револуцијата на ритуалниот театар и ја иницирала уметничката група Ки-Ји Мбок како последица од нејзиното искуство во ова поле. Таа развила посебен систем наизучување инспириран од Африканските инцијации кој и дозволува да достигне бројка на до сто млади луѓе во тешки околности и да ги реинтегрира во општеството. Тоа и ја донесе Наградата на Принцот Клаус „Херој на Градот“ во 2000 година. Тааво 2001 год ја основа Пан Африканската Ки Ји Фондација која има за цел да ја поттикнува младината охрабрувајќи ја нивната креативност како пат до нивниот личен развој и оттогаш таа работи таму. Нејзината тешка работа низ бројни дисциплини беше овенчана со безброј награди, вклучувајќи ја но без ограничувања, наградата Арлети од Франција, Рене Прел од Белгија, Фонлон Николс од универзитетот во Алберта, Канада, Витез на Уметностите и Француските Писма, Командир на Националниот Ред на заслуги на Брегот на слоновата коска, член на високиот совет на Франкофонијата од 1997 до 2003 год, наградата Нома во 2005 год и таа е исто така и лауреат на Книгата на годината во 2007 год за книгата Мемориска ампутација. Таа денес е постојан член на Академијата за наука, уметност и култура на Африка и Африканската дијаспора во Брегот на слиновата коска.

 

Превод: Сашо Огненовски

 

[1]Камите, жител на Камита, „Земја на Црните“, т.е. „Африка.“ Камите, исто така се однесува и на сите домородни и нивните наследници, расселени во светот и дијаспората, а исто така и на практичарите на религијата од оваа регија.

[2]Гбегбе, традиционален танц од земјата Бетес, Брег на слоновата коска кој се употребува при јавно демонстрирање на голема радост или голема тага.

[3]Бикоуци, а) Коут: удар; б) Си: земја. Оригинален Фан Бети танц од Јужен Камерун, првично практициран од жени кога се обезбедуваат благословите од Мајката Земја: добра жетва, подобро време итн; танц во кој било неопходно енергично да се удира по земјата за да и се овозможи да ја слушне причината за тоа. Денес, тој е обновен од младите во целата земја и пошироко благодарејќи на многи интернационални ѕвезди.

[4]Гле, религиозен систем на Уе и Уобе народот од западниот дел на Брегот на слоновата коска создаден врз основа на „Маскарадите“. Цела хиерархија на маски, често застрашувачки, кои делуваат како камен-темелник на сите верувања и општествени организации на овие народи;

[5]Вабеле, една од маските на религиозниот Сенуфо ситем, на север од Брегот на слоновата коска. Тоа е голтач на оган со глава на хиена и претставува знаење и моќ;

[6]Пониуго, уште една маска од Сенуфо религиозниот систем, создадена врз основа на Поро, иницирана во срцето на светите шумички и која владее со целото нивно општество;

[7]Киндак; лит. „Господарка на Препораките“, титула дадена на Матријарсите. Жени кои достигнале ниво на мудрост иницирајќи Мбок или Мбог, религиски систем на државата Баса во центарот на Камерун и тоа кореспондира со титулата Мбокбок, резервирана за мажи.

[8]Кубан; Девојка на Бијонг, син на Кубан. Ова е името на мојата баба, мојот инцијатор, еден од последните чувари на знаењето „Ки-Ји Мбок“ од кое јас ја добив должноста за негов пренос до која дојдов многу тешко за време од три декади.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк