Премиера на „Помеѓу соништа и летови“-денеска во МОБ

Денеска на малата сцена на МОБ, во 20.00 ќе се случи премиерата на камерната оперска претстава „Помеѓу соништа и летови“ од Горан Начевски.
Премиерата е во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“.Санува збор за камерна опера во еден чин, која има поинаква приказна. Имено, се работи за приказна за моментот кога не сме сигурни што е сон, а што вистина, или за тоа, кој е реалниот, а кој замислениот свет. Приказна без почеток, но со среќен крај, како спротивност од трагичните завршетоци на најголемиот број дела од оперската литература
Музиката и либретото се на Горан Начевски, диригент е Иван Еминовиќ, режисер е Љупка Јакимовска, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Бранкица Јордановска, кореограф е Маја Каревски, светло дизајнер е Нино Митевски, хор мајстор е Јасмина Ѓорѓеска а концерт мајстор Јане Бакевски.
Настапуваат Александра Лазаревска Василевски, Дејан Стоев, Невен Силјановски и Илин Силјановски.
Балетскиот пар го сочинуваат Христина Ангеловска и Агим Бафтии, корепетитори се Елена Сиљаноска, Андреј Наунов и Јанинка Невчева, а инспициенти Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.
Суфлери се Светлана Георргиева, Павлина Зравкова и Невена Георгиева.
Настапуваат и хорот и оркестарот на МОб.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк