Пролетно издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

На 20 и 21 април 2018 г., во Кинотека на Македонија, филмскиот фестивал за музички документарни филмови Skopje Cinema City ќе го организира својот втор настан оваа година или Пролетното издание (The Spring Edition).

Пролетното издание е дел од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди – нешто што го нарековме Четири годишни времиња.
На програмата ќе се најдат следните четири документарни филмови од домашна и странска продукција:

20.04.2018 (Петок)

20.00 – Џеф Бакли: Сите тука те посакуваат

21.30 – 1959 -Годината што го промени џезот

21.04.2018 (Сабота)

20.00 – Телма Докубенд: Суперхикс
(реж. Јордан Дуков)- 40 min* (слободен влез)

21.30 -.Девојката од Ипанема: Бразил, боса нова и плажата

Цена на билет: 100 денари, освен филмот* за Суперхикс, којшто има слободен влез.

Картите ќе може да ги купите на билетарницата во Кинотека на Македонија

Резервациите можеѝте да ги направите од 16-19 часот на тел: 02 306 5968 (Кинотека).

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк