Gogol Bordello во МКЦ • Таксират20

#ТАКСИРАТ20 ви ги претставува Gogol Bordello во Скопје!
Славниот џипси-панк бенд и еден од најимпресивните live бендови на денешницата, на 29-ти мај гостува со концерт во Младинскиот Културен Центар во Скопје, а во рамки на Seekers And Finders турнејата за истоимениот, нов албум!

GOGOL BORDELLO 👉 29-ти мај 2018, во МКЦ
Влез: 19:30 / Почеток: 20:30

ВЛЕЗНИЦИ 👉 http://mktickets.mk/en/nastan/gogol-bordello-mkc/
Early Bird: 500 ден.
Промо: 600 ден.
Стандард: 700 ден.
(цените се лимитирани на само 300 билети во секоја категорија и важат до распродавање на контингентот)

Со осумте досега студиски изданија, подоцна проследени со небројни турнеи, со незапирливиот продор на Јуџин Хуц на уметничката и филмската сцена, како и поддршката од славните имиња на светската сцена, членовите на Гогол Бордело со право важат за големи меѓународни музички ѕвезди кои од андерграунд легенди прераснаа во интернационален феномен. Гогол Бордело е бенд за кој се вели дека постојано го истражува креативниот пекол и ја напаѓа човечката пасивност, бенд кој оди и чекор над музиката, над политичкото, насочувајќи го вниманието кон уметничката револуција на глобалното доба, а следната година нивната нескротлива сценска енергија конечно ќе имаме прилика да ја доживееме и во Скопје.

 

Повеќе инфо на следниот линк

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк