Разговор со младата поетеса Бојана Спасовска

Јас сум Бојана Спасовска ученичка во деветто одделение во ООУ ,,Стојан Бурчевски Буридан’’ – Иванковци, Велес. Ученичка со континуиран одличен успех која со своите амбиции постигнува успеси на секое поле. Ученичка која со своите стихови и труд чекори по патот на успехот. Љубовта кон поезијата се роди уште во најраната возраст од моето детство.

Патот кон успехот е тежок, но луѓето кои веруваат во себе, кои во секој пад ја гледаат светлината, кои со љубов, труд и мотивација чекорат полека, се луѓе кој ќе ја победат секоја препрека и гордо ќе застанат на врвот.
Инспирацијата за пишување ја црпам од луѓето, љубовта, неправдите во светот, убавините што ги нуди природата, едноставно се’ што ме опкружува. Моите размисувања и емоции ги изнесувам на парче хартија, бидејќи тоа ме исполнува и ме прави среќна.

Искреноста ја ценат луѓето што нудат искреност, па така и стиховите нека бидат полни љубов и искреност за луѓето да го почувствуваат тоа. Верувам дека и моите стихови беа почувствувани, па многу од нив беа наградени. Имам голем број на награди како во Македонија така и меѓународни кои посебно ме радуваат и навистина е тешко да издвојам награда која ми е омилена, па затоа ќе почнам од првите почетоци. Во 2012 година ја освоив првата награда доделена од здружение на просветни работници на град Скопје, потоа посебна радост ми донесе првата меѓународна награда во 2015 година на фестивалот ,,Јанош Сивери” во Нови Сад, Србија. За крај би ја издвоила наградата од Црвен крст и Клуб на писатели ,,Коста Солев Рацин” по повод денот на крводарителството каде што го освоив првото место.

Share Button