13 Април во МОБ гостува Благој Нацоски

Утревечер (13.04), со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонската опера и балет ќе можете да го проследите соло-рециталот на нашиот тенор Благој Нацоски, придружуван од пијанистката Јанинка Невчева. На рециталот со наслов „Sole e Amore“ или „Сонце и љубов“ ќе се изведат композиции од повеќе познати автори како: Винченцо Белини, Реиналдо Хан, Џоакино Росини, Џакомо Пучини, Франческо Паоло Тости и Бенџамин Бритн.

Во сите соло песни ќе преовладуваат токму љубовта и сонцето, односно со претежно весел карактер, кој буди оптимизам кај слушателот. Циклусот “Венеција” од Рејналдо Хан, ќе биде изведен  за првпат во Македонија.

Ве очекуваме.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк