ВЛАДО ЈАНЕВСКИ СО ДОСЕГА НАЈГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО СВОЈАТА КАРИЕРА- 01 ЈУНИ 2018-та АРМ СТАДИОН, OPEN AIR!

Драги пријатели,
Големо задоволство ни е да ви најавиме дека Авалон Продукција и Владо Јаневски ја обновија својата соработка после пауза од повеќе од десет години.
Како резултат на тоа, уште поголемо задоволство ни е да ви го најавиме и најголемиот концерт на Владо Јаневски во неговата кариера, којшто ќе се случи на 01 јуни, на стадионот на АРМ.
Концертот е по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски која започна со песната „Црно Тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија.
Се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 фанови на Владо Јаневски од цела Македонија и навистина ни е задоволство што во годината во која и ние одбележуваме јубилеј од 25 години, што го работиме овој проект.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС, по следниве цени:
500 ден ПАРТЕР
800 ден ФАН ПИТ (само 1.000 влезници)
1.000 ден ВИП
Во продажба ќе биде пуштен и одреден контингент на ВИП пакети кои ќе може да се резервираат телефонски на 078/365-245 (секој работен ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк