Промотивна конференција на „BalkanMed INNOVA – Балканско-Медитерански Центар за претприемништво и иновации“

На 17-ти април со почеток од 12.00 часот во Стопанската Комора на Македонија (Скопје), 5 кат, Сала 4 ќе се одржи промотивна конференција за медиуми за почеток на проектот BalkanMed INNOVA – Балканско-Медитерански Центар за претприемништво и иновации:

Главна цел на проектот BalkanMed INNOVA е низ обука, размена на знаења и искуства, како и трансфер на технологии да овозможи поддршка на веќе постојните мали и средни претпријатија, како и на сите потенцијално нови стартапи. Проектот е насочен кон претприемачите, а целта е тие да се здобијат со нови знаења и вештини, и истите да воспостават контакти со бизнис заедниците од земјите-партнери на проектот.

Агенда:
12:00 – 12:30 Регистрација на учесници
12:30 – 13:15 Презентација на целите и активностите на проектот
13:15 – 13:30 Дискусија
13:30 – 14:00 Коктел

Повеќе информации за проектот можете да прочитате на следниот линк – http://www.balkanmed-innova.eu/index.php/description-eng, со испраќање на е-мејл на daniela.janeva@yes.org.mk или на телефонскиот број +389 (0) 2 3108 891.

Сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот за регистрација кој е достапен на следниов линк https://goo.gl/tCJTmK најдоцна до 15.04.2018. 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк