ХАЛКИДИКИ АВАНТУРА – ТРИДНЕВНА ЗАБАВА ЗА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА!

Во период од 28. Април до 1. Мај, 2018 година, во Калитеа (Халкидики, Грција) ќе се одржи музичкиот фестивал “Halkidiki Adventure Festival”, во организација на компанијата “Event Academy Bulgaria”. Овој фестивал, втора година по ред, ги собира на едно место локалните и регионалните ДиЏеи и љубителите на електронската музичка сцена. Меѓународни “андерграунд“ хедлајнери, деноноќна забава, во комбинација со грчката гостопримливост, медитеранска кујна, прекрасни плажи и тиркизно море е формулата за одлична забава на овој фестивал. Покрај можноста за тридневно уживање во електронската музика, Фестивалот претставува и шанса за прославување на почетокот на летото во комбинација со совршен одмор на прекрасната грчка морска ривиера.

Во рамки на трите фестивалски денови, свои настапи ќе имаат артисти од електронската музичка сцена од Бугарија, Германија, Франција, Велика Британија, Грција, Македонија, Шпанија и САД, меѓу кои: Анд. Ид (And.Id), Клептон (Claptone), Детлеф (Detlef), ДЈ Лион (Dj Lion), Габриел Дел (Gabriel Del), Хектор Коуто (Hector Couto), Каизер Сузеи (Kaiser Souzai), Леонардо Гонели (Leonardo Gonnelli), Методи Христов (Metodi Hristov), Попоф (Popof), Павел Петров (Pavel Petrov), Санте (Sante), Симон Либерали (Simone Liberali), Стефано Ноферини (Stefano Noferini), Вангелис Костоксенакис (Vangelis Kostoxenakis), Емилијан Иванов (Emiliyan Ivanov), Eма (Emma), Маршал Рохас (Marshal Rohas), Николај Иванов (Nikolay Ivanov), Стефан Попов (Stefan Popov), Стефан Џи (Stephan Gee), Версус (Versus), Владимир Карчев (Vladimir Karchev), ПАВСА (PAWSA), Сенди Ривера (Sandy Rivera), ДЈ Никифор (DJ Nikifor), Џуниор Папа (Junior Pappa) и ДЈ Антонио (DJ Antonio).

“Фестивалот ‘Halkidiki Adventure’ за прв пат го организиравме во 2017 година. Оваа тридневна деноноќна забава се одржа во рамки на комплексот хотели со 4 ѕвездички “Атос Палас“ со една единствена цел – да ги извлечеме локалните, бугарски артисти надвор од земјата и да ги запознаеме луѓето од Регионот со нив. Оваа година по втор пат го организираме настанот во Калитеа, Халкидики, Грција за сите љубители на електронската музика и се надеваме дека со овогодинешната програма присутните гости уште повеќе ќе уживаат и со насмевка, убави спомени и желба за повторно дружење и забава ќе се вратат во своите домови.“ – изјави Организаторот на Фестивалот.

Овогодинешното издание на фестивалот се состои од 6 забави во 3 дена на 3 локации. Вкупно 3 од забавите се дневни, од кои 2 ќе се одржат на главната сцена поставена на плажата на Хотелите – Соработници на фестивалот. Во рамки на третата од дневните забави свој настап ќе има и артистот Клептон (Claptone), а истата ќе се одржи во барот на плажа – “Затеро“ (Zattero Beach bar). Сите три ноќни забави ќе се одржат во еден од најпознатите и најголемите ноќни клубови во Калитеа – “Маркиз Експириенс“ (Markiz Experience).

Љубителите на електронската музика може да ја набават својата фестивалска влезница – “Rave pass“ за фестивалот “Halkidiki Adventure Festival” преку официјалната страна на компанијата организатор: www.eventacademy.net. Покрај основната влезница, сите заинтересирани, при купување ќе може да одберат и некој од понудените целосни пакети за настанот кој вклучува сместување на само неколку стотини метри од плажата каде што ќе бидат дел од забавите, храна и транспорт. Исто така, сите оние кои веќе ја имаат купено својата фестивалска влезница во рок од 7 дена по купување на истата, можат да си обезбедат целосен фестивалски пакет во канцеларијата на Евент Академи Бугарија (Event Academy Bulgaria Ltd.) или онлајн на: www.eventacademy.net

“HALKIDIKI ADVENTURE FESTIVAL” – Три дена, два настани дневно… Квалитетен електронски музички звук, забава која што никогаш не завршува! Сонце, барови на сама плажа и многу нови пријателства! Уживајте во изгрејсонцето, зајдисонцето и златните песочни плажи на полуостровот Халкидики и посебната атмосфера со илјадници среќни луѓе кои танцуваат и го слават животот заедно!

###

За повеќе информации:
Фејсбук: https://www.facebook.com/HalkidikiFestival/
Официјална Веб страна: https://www.eventacademy.net/
Видео за Фестивалот: https://www.youtube.com/watch?v=YMeECMGkQEo&t=1s

За “Event Academy Bulgaria Ltd”
Организаторот на Фестивалот, “Event Academy Bulgaria” веќе три години континуитано работи на развивање и организирање на настани и фестивали во Бугарија и Регионот. Во нивното портфолио се наоѓаат различни типови на концепти, подготвени од нивниот млад, иновативен и креативен тим за организирање на настани, дизајн, маркетинг специјалисти и најдобрите конструктори за сцена и звук. Нивната основна филозофија на која се темелат е примена на добра организација, координација и имплементација на најдобрите системи за звук на интересни места, збогатени со настапи на познати уметници кои атмосферата ја подигнуваат до врвот, додека публиката ужива во музичките перформанси.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк