Поетот Филип Димкоски ќе ја претставува Македонија на Меѓународната поетска олимпијада во Словенија

Од 21 до 23 април  ќе се одржи Меѓународна поетска олимпијада во Марибор, Словенија. Учесник од Македонија е младиот поет Филип Димкоски. Тој ќе претстави поезија од неговата новообјавена книга „Во градината има само љубов“ на македонски, словенечки, српски и хрватски јазик.

Меѓународната поетска олимпијада годинава се одржува по третпат по повод 23 април Меѓународниот ден на книгата. Првото издание беше органзирано од поетесата Дијана Ухерек Стевановиќ во градот Суботица во Република Србија,   второто издание во Риека, Република Хрватска, органзирано од поетот Валерио Орлиќ, а годинава организатор е поетесата Наташа Швикарт.

На олимпијадата, на 22 април ќе се одржи претставување на меѓународниот поетски зборник во кој се застапени поети од Словенија, Србија, Чешка, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Италија, Романија и Бугарија, а следниот ден ќе биде одржан поетски маратон.

Филип Димкоски ќе учествува во двете програми на манифестацијата.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк