СРЕЌЕН ПОНЕДЕЛНИК: BRIT FLOYD во Скопје! “The World’s Greatest Pink Floyd Show” за прв пат во Македонија со ECLIPSE WORLD TOUR 2018!

Авалон Продукција со голема радост, возбуда и задоволство ве известува дека по настапите пред повеќе од милион фанови низ

 целиот свет, на 14 ноември со почеток во 20:30h, во ВИП Арена- Борис Трајковски ќе имаме можност да уживаме во нешто што е многу повеќе од најдоброто трибјут Pink Floyd шоу на светот.

BRIT FLOYD се посветени на тоа да го оживеат Pink Floyd во секоја нота и секој потег, поради што заслужено се сметаат за нешто најблиску до Pink Floyd.

Во Скопје носат исклучително прецизен музички перформанс придружен од неверојатно оргинално видео и анимација на препознатлива бина со пинк-флојдовскиот лак и светлосен круг, па затоа подгответе се за совршено аудио и визуелно доживување на легендарните песни од “The Piper at the Gates of Dawn” па се до “Division Bell”.

Се разбира, со заслужен третман ќе биде изведен и сечиј омилен албум “Wish You Were Here”, како и легендарниот “The Dark Side of the Moon”, кој оваа година слави 45 години.

Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени овде, во 21 часот.

Важно е и да се напомене дека Brit Floyd доаѓаат со своја продукција: звук, светло и видео.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк