Промоција на стихови – поезија од младата поетеса и писателка Викторија Петровска пред најмладите љубители

На 27ми Април во основното училиште “Дане Крапчев’’ во Скопје се оддржа поетска средба со младата поетеса и писателка Викторија Петровска. Нејзината поезија ја доживеа првата промоција пред најмладите љубители на убавиот пишан збор.
‘’ДЕНЕС ми е еден од најубавите денови во мојот живот. Мојата поезија ја доживеа својата ПРВА промоција во Скопје, поточно во едно од скопските основни училишта. Да се биде дете на 22 години токму меѓу децата е најубавото чувство. Децата се цвет кој вреди да се негува. Цвет- најубав на целиот свет. Секогаш негувајте го детето во себе.’’ – напиша на својот Фејсбук профил поетесата.

Таа изјави дека средбите со децата и разменувањето стихови со нив се ‘’најчистите’’ поетски средби. Децата се најискреното битие на Планетава, тие секогаш на листот хартија го пишуваат она што навистина го чувствуваат – детските очи не знаат да скријат радост, среќа и болка.
На поетската средба поетесата им додели книги со посвета на учениците кои и’ оставија најголем впечаток и им порача на сите секогаш да веруваат во себе и да си ги исполнуваат соништата.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк