Промовиран прирачникот „Како се оди во Париз“ од Јана Мишо на штандот на „Арс Ламина“

Во париски амбиент, со кроасани, макаронс-колачи и француска музика вчера (5 мај) беше промовиран прирачникот „Како се оди во Париз“ од авторката Јана Мишо, на штандот на книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ во рамките на 30. издание на Саемот на книга во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“. Писателката позната по своите два романа „Анаис од Монмартр“ и „Скоро парижанка“ изјави декаприрачникот е наменет за сите што сакаат да собираат спомени, да запишуваат, да водат дневници, споменари, да лепат фотографии, да чуваат билети, сметки, исечоци, сите љубители книги, на уметност и сите што сакаат уште ова да го стават во куфер. Низ сите страници се провлекуваат цитати со локации, луѓе и доживувања од романите на јана Мишо „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“.

Со секој купен роман од Мишо за време на саемот на книгата, но и во текот на целиот месец мај, читателите ќе добијат шанса да освојат два авиобилета за Париз.

Инспирација за прирачникот и дневник за патување е блог-постот на Мишо, со истиот наслов – „Како се оди во Париз“.

– Во објавата сакав да споделам нешта што сум ги научила по пат и работи што секогаш ги правам за да уживам до максимум. Со креативните уредници од „Арс Ламина“ се сетивме дека сето тоа одлично може да се вклопи во планер и дневник за патување. Просторот за водење дневник на патувањето е поделен во поглавја, затоа што го замисливме како лична книга на секој што ќе запишува. Особено се радувам на мапата на спомени, каде што можат да се означуваат посебни моменти со бројки, па вообичаените простори за списоци за пакување, купување, лепење фотографии и билети и плус цитати од „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“, за да го заокружат доживувањето. Сите совети во Прирачникот се практични и важни, а мене омилен ми е „читај книга со Париз“. Открив дека кога ќе прочиташ книга за француската метропола пред да заминеш таму, тоа неверојатно го подобрува искуството. Одушевувачки е кога ќе застанеш на местото за кое претходно пишувалнекој. Тоа, и би ги советувала да не купуваат ајфони од Пигал! – изјави Јана Мишо.

По промоцијата на прирачникот „Како се оди во Париз“ се одржа средба со Ване Костуранов, сликар, илустратор и автор на неодамна промовираната сликовница „Ѕвездено дете“. Тој потпишуваше примероци од изданието и се дружеше со најмладите читатели.

Приказната за „Кралот Светкошорц“ ќе биде тема на работилницата за деца што денеска (6 мај) во 12 часот ќе се одржи на штандот на книжарницата „Литература.мк“.

Македонското издание на светскиот книжевен хит„Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“, чијашто официјална промоција ќе биде денеска во МКЦ во рамките на фестивалот „Прво па женско“, премиерно се најде и на саемската постановка на „Литература.мк“.

„Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од авторките Елена Фавили и Франческа Кавало е книга за деца и возрасни во која се вклучени сто приказни за добра ноќ за животот на сто неверојатни жени од минатото и од сегашноста, илустрирани од 60 женски уметници од целиот свет. Оваа книга ги инспирира девојчињата соприказни за големи и силни жени, од Елизабета Прва до Серена Вилијамс.
Ова не се приказни за нежните принцези кои чекаат да дојде принцот и да ги спаси, туку се приказни за вистински жени од минатото и од сегашноста кои постигнале неверојатни резултати, без разлика на околностите. Бунтовни девојки чиишто дејства го смениле текот на историјата. Сликарки, научнички, танчарки, врвни готвачки, астронаутки, џез-пејачки, фараонки, боксерки, писателки, политички водачи… од сите краишта на планетата! Ова е збирка од приказни што ќе ги инспирираат девојчињата (и нивните мајки, тетки, братучетки…) да бидат самоуверени, да сонуваат за големи нешта и да се развиваат во силни, цврсти, успешни личности.

В понеделник (7 мај) во 12 часот ќе се одржи работилница за деца – „ИсидораМун“. Писателката за деца Билјана Црвенковска и стрип-авторот Здравко Гиров в понеделник во 17 часот ќе го промовираат својот нов серијал за деца „ТКЦП“, вклучително и романот „Канџа во мракот“.

Во 18.30 часот, специјалниот гостин на „Арс Ламина“ на овој саем,најпродаваниот автор за деца во Србија – Урош Петровиќ ќе го промовира серијалот „Загадочни приказни“ на македонски јазик. Следниот ден (вторник) ќе одржи и неколку едукативни работилници со деца.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк