Во замена на страдањето, ти дарувам живот

Беше петок, врнежлив со доза на пурпорност. Во чекалната седеше Лара, со гребратинки по телото и скршеница на раката, нестрливо чекајќи го одговорот на докторот.

Кутрата, едвај црпеше сила да остане при чиста свест, да не се струполи по плочките. Во нејзината глава се вртеа толку многу прашања, што беше невозможно да се изнајдат исто толку одговори.

Ја чувствуваше вината, таа беше виновна што тој… Да, токму тој… Нејзиниот принц лежеше во креветот полн со тага и менхалочност. Целата трепереше, не можеше ниту мирно да дише.

Го молеше Господ да му даде нему сила и да ја зеде неа место него… Таа да болува, да стравува дали и денот ќе го преживее, да се мачи и да го проколнува фактот што е жива.

По некое време дојде д-р Спировски, целиот облеан во пот. Лара стана за да го пречека. Бришејќи ги капките од челото, едвај изговори:
– Шансите се многу мали… Неговото срце премногу слабо чука..
Лара снемуваше сила, седна повторно на столчето, погледна кон него и изнемоштено замоли:
– Може ли да го видам? Ве молам!
– Само на пет минути. Повелете.

Се упатија кон собата на стравот, каде и мирисот е неподнослив за човечката душа. Собата каде никој не би сакал да биде. Докторот ја отвори вратата, а потоа се повлече.

Првиот поглед на Лара беше кон него, како лежи бледиот и изнемоштен принц кој немаше ниту сила да погледне кон расплачената Лара.
– Знам дека не можеш да зборуваш. Немој… Не мачи се. Само сакав да ти кажам дека згрешив и свесна сум за тоа. Кога ти би бил јас, би ја сфатил мојата болка и моето покајание – шепотејќи изусти таа.

Момчето собра сила и проговори речиси нечујно:
– Немој, Лара… Немој да жалиш. Господ така сакал… Ти за ништо не си крива… Таква е судбината, тешка и клета, несфатлива за човечкиот разум. Ова беше само еден несреќен случај, каде што ти си имала повеќе среќа. Немој… Избриши ги солзите…
– Не говори ми тоа кога знам дека не е така, не теши ме кога знам дека сум погрешила. Само те молам прости ми, Давид! Не сакав… – рече и уште посилно почна да липа и плаче.
– Јас одамна ти простив… Всушност, и кога разбрав каде сум не ти бев воопшто лут и никогаш нема ни да бидам. А, сега кога ги видов твоите очи, сфатив дека не сум погрешил. Ти си таа што ми дава сила да продолжам понатаму, ти си таа на која секогаш ќе ѝ бидам благодарен за сѐ што направила за мене. Ти си таа што секогаш ќе ја штитам каде и да сум. Сега навистина ќе бидам твојот ангел чувар од небото, ќе те гледам и заедно преку твоето срце ќе живеам, преку твоите очи ќе го гледам светот, преку усните ќе ја гасам жедта, преку твоите уши ќе ја слушам и најубавата музика… – напрегнато изговори тој.
– Те молам, Давид… Не зборувај така! Ти ќе живееш, ти ќе бидеш на земјава. Знај дека те сакам и не можам да живеам ниту ден без тебе, знај дека одсекогаш сум те сакала и никогаш нема си простам себеси… – прошепоти, бришејќи ги солзите.

Докторот влезе. Наговести дека е време Лара да ја заврши посетата. Таа за последен пат го поголи по неговата бујна темна коса, го бакна и му шепна:
– Давид, те сакав… Те сакам и засекогаш ќе те сакам, не заборавај! Ти ќе живееш, ти ќе го освојуваш светот со секој твој поглед, ти ќе закрепнеш, љубов моја една и единствена! – рече, а потоа замина.

После неколку недели се случи чудо, Давид почна да закрепнува. Беше како рече таа, тој навистина преживеа. Во неговата соба за интезивна нега, мајка му ги средуваше неговите алишта за да се премести во собата кај останатите полесно повредени пациенти.

Докторот влезе и ја направи потребната анализа врз основа на неговата моментална состојба.
– Д-ре, дали можеби сте ја видела Лара? Девојката што беше оној пат, се сеќавате? Русокосо девојче со сини очи и прекрасна насмевка која Вие за жал не успеавте тогаш да ја почувствувате на нејзиното прекрасно бело лице? Беше тука кога ме донесоа… Тогаш последен пат ја видов… Дали во меѓувреме додека бев во кома, доаѓаше да ме посети? Сакам да ја видам, да ја прегрнам, да ѝ го почувствувам мирисот на кожата – растреперено запраша Давид, полуден од среќа што конечно ги бакне тие нејзини врели усни.
– Жалам, Давид… Но, тоа не е можно… Лара замина… – натажено докторот му одговори.
– Но, зошто? Каде е? Што се случило? Одговорете ме! – вознемирено извика тој.
– Твојата состојба беше мошне сериозна… Да не беше нејзината донација, ти сега ќе беше онаму каде што замина таа.. Таа ти подари живот во замена за тоа што ти ја нанесе оваа несреќа… Знам дека беше несреќен случај… Но, таа никогаш не го сфати тоа како така. Имаше голема вина во себе што речиси целиот ден од кога излезе од собата ме прекоруваше да го пресадам нејзиното срце во твоето тело. Нејзините последни зборови упатени од неа кон мене беа: „Така ќе живеам и јас заедно со него, сѐ дур тој не ми се придружи онаму горе на небото…“ А, потоа се сети и додаде: – За малку ќе изумев… Остави едно писмо за тебе пред да ја извршиме операцијата… Извини, Давид… Така беше нејзината волја… Никогаш не верував дека постои искрена и чиста љубов, но ете… Ја има… Од тој ден верувам во чуда… Верувам дека бајките се секаде околу нас… Хероите живеат и без титули… Едниот од нив беше Лара… Морам да спремам дијагноза… Ќе дојдат сестрите да те одведат кај останатите пациенти… – го остави писмото и замина.

Давид не можеше да се соземе. Срцето ќе му препукнеше од тага. Што ќе му е срцето кога нејзе повеќе ја нема, а таа беше целиот негов живот. Зема здив, испушти мошне тешка воздишка и го зеде писмото. Рацете му трепереа, срцето му чукаше бавно и брзо во исто време… Аритмија, па такихардија…

„ Драг Давид…
Јас во мојов живот немам ништо освен тебе, а ако тебе те изгубам и тебе тогаш нема причина да продолжам да живеам… Затоа ти го давам моево срце за да живееш долго и спокојно, исполнет живот со среќа и здравје. И јас на тој начин ќе живеам со тебе… Немам родители, никогаш не ги ни запознав… Можеби се живи, но никогаш не го чув познатото „сине“ иако сум девојче… Ме оставиле како бебе во дом за деца без родителска грижа… Нејсе, никогаш не им замерив… Можеби имале причина, можеби татко ми ја оставил мајка ми бремена, можеби немале финансии, можеби биле во забранета врска… Можеби и само можеби…
Но, ти имаш и мајка и татко, за тебе мајка ти ќе жалеше ако заминеше… А, јас немаше да можам да ја поднесам болката на твоите родители… Немаше да можам да се соочам со вината која што јас чувствувам… Како ќе ги погледнев во очи, знаејќи дека јас сум крива за сообраќајната несреќа? Јас, убедена дека можам да возам по оние бесни патишта, речиси те убив… Како ќе им кажев: „Извинете, знам дека боли, не сакав…“? Зарем тоа ќе те опоравеше? Кој збор да им го кажав за да ги утешам?…
Затоа, решив да заминам горе, да танцувам со ангелите… Заедно ќе те чуваме и ќе се грижиме за тебе. Ќе поминат уште многу децении додека ти нам ни се придружиш… Но, јас ќе те чекам, ти ветувам! Можеби така беше судено, но сигурна сум дека не погрешив и правилно постапив. Сега јас си заминувам, ти го оставам ова мое мало срце и ова писмо облеано со капки солзи кои паѓаа додека сето ова ти го пишував. И, да… Сѐ уште плачам, прости… Солзиве не можам да ги сопрам… И без да рикам на цел глас, јас ронам солзи… И да може да се соберат сиве овие солзи од моментот кога се случи онаа проклета сообраќајка, па сѐ дур не изгубам свест на операцијата… Ќе се направеше уште едно мртво море…
Ќе те сакам и тогаш кога повеќе ќе ме нема, и тогаш кога ќе ти мафтам од горе, а ти нема ни да знаеш… Туку ќе гледаш кон неботото, насмевнувајќи ми се. Ѕвездите ќе се моите очи кои сегде ќе те следат, дождот моите солзи кои ќе капат по земјината топка тогаш кога си тажен или премногу среќен како солзи-радосници пропратено подоцна со ѕуница, сонцето мојата насмевка која секогаш ќе те бодри и грее како мојата искрена љубов, месечината ќе е мојата душа која е искрена и чиста кон тебе од денот кога те запознав. Ќе те греам, ќе те топлам, ќе плачам со тебе, ќе те чувам и ќе се радувам кога ќе си среќен. Така никогаш нема да ме заборавиш, а јас ќе те следам во секој чекор…
Твојот ангел Лара…“

Давид се расплаче толку искрено како мало дете пред излог за посакувана играчка или чоколадо. Знаеше дека Лара го направила тоа од преголема љубов и желба да ѝ прости за нанесеното зло.

Поминаа неколку години, но среќата не го служеше за долго. Во најубавите години од животот, по завршувањето на факултетот, тој заболе од карцином. Овој пат не можеше да се најде спас, не можеше да се најде лек за него.

По една година тешко боледување, ѝ подлегна на болеста. Тој замина на небото да и ѝ се придружи на својата сакана и единствена Лара. Иако му се нафрлаа секакви девојки, која од која поубава… Тој никогаш не се ни обиде со друга. За него Лара беше жената на неговиот живот и така остана до самиот крај, доследен на својата љубов кон неа. Никој на никого не остана должен, останаа само спомените и еден лист хартија кој ќе раскажува една приказна дека некогаш и негде таму некаде неизмерно се сакале, за хероите без титула…

Кога стигна на небото, ја виде Лара. Беше целата во бело, со големи и нежни крилја. Нејзината руса коса ко свила леташе позади неа, а нејзините сини очи светкаа како ѕвездите. Тогаш Давид ја прегрна и прошепоти:
– Судбина било, најмила моја да бидеме засекогаш заедно. Вака или онака, таа повторно не спои заедно.

Share Button