Бесплатен локален семинар во рамките на проектот CreArt

Град Скопје и ЈУ КЦ Александар Македонски (Универзална Сала) организира бесплатен локален семинар на тема ,,Социјално осигурување и оданочување на уметниците” на ден 08.06.2018 година во салата на советот на Град Скопје, со почеток во 9:00 часот.

Целта на овој семинар е да се осврнеме на веќе постоечката даночна политика, да се разменат ставови за најавената промена во даночниот систем и како сето тоа влијае и би влијаело на уметниците во Република Македонија и да се добијат одговори на некои од потешкотиите со кои се соочуваат уметниците.

Градот Скопје во 2017 година, се приклучи како партнер во CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво) која претставува европска мрежа, составена од градови и јавни и приватни културни институции. Проектот има за цел да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да се максимизира економскиот, социјалниот и културниот придонес на визуелната уметност, која може да се подобри со поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да создаваат, да изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да пристапат кон обука преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми. Проектот CreArt го сочинуваат 12 градови, а лидер е градот Ваљадолид Шпанија.

 

 

Агенда

Локален Семинар 2018

,,Социјално осигурување и оданочување за уметници

Датум: 08.06.2018 (петок)

Иницијатори и организатори: Град Скопје, ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски‘‘, Скопје – (Универзална Сала)

Локација: Град Скопје (Сала на совет)

09:00-09:30 – Регистрација на учесници

09:30-09:40 – Вовед на Јасмина Намичева, експерт за програмата на  CreArt

09:40-09:50 – Директор на ЈУ КЦ АМ -Претставување на семинарот и неговото значење за уметниците

09:50-10:00 – Официјално обраќање за CreArt (  Претседател на совет)

10:00 -10:10 – Претставување на модераторот – Иванка Апостолова

Прва сесија

10:10- 10:30– Ефикасноста на јавните финансии,   даночната политика и влијанието на уметниците, проф. Д.р Борче Треновски (УКИМ Економски Факултет-Скопје)

10:30-10:50 – Социјално осигурување на уметниците (примена на правните прописи за социјалното осигурување и други мерки за нивна поддршка), Магдалена Диковска –советник во кабинетот на министерот за култура -Министерство за култура

 

10:50-11:10 – Презентација на постоечките механизми за стимулирање и помагање на уметничкото творештво на самостојните уметници и можност за нивно подобрување, Виолета Качакова – проект менаџер и програмски уредник за културни политики во Локомотива-Центар

 

11:10-11:30  Прашања/ дискусии

11:30-12:00  Кафе пауза

 

 

 

Втора сесија

 

12:00 -12:20 – Улогата на Друштвото на Ликовни уметници во заштита на авторски, социјални и економски права на ликовните уметници во Македонија. (Корелација: Уметник –  ДЛУМ – Надлежни органи – Културни институции) Вон.Проф.М-р Христијан Санев – претседател на ДЛУМ (Друштво за ликовните уметници)

12:20-12:40  – Досегашните искуства со оданочувањето на уметниците – Сања Арсовска претседател на Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ)

12:40-13:00 – Придобики/недостатоци и пречки со кои се соочуваат уметниците во секојдневието, Елена Пренџова -Активна членка на Друштво на писатели на Република Македонија (ДПМ)

 

13:00-13:30 – Прашања и дискусии

13:30-13:40 – Заклучок – модератор

13:40 – Кетеринг, освежување

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк