Максим Цониќ и Ева Јакимовска ќе ја претставуваат Македонија во Русија во рамки на најголемата светска смотра за спортско пријателство

Во петок, 8. Јуни, деца од 211 земји и региони од целиот свет ќе пристигнат во Москва, Русија како дел од 6. Сезона на најголемиот Меѓународен општествено-одговорен проект наменет за деца – “ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО”! За прв пат реализиран во 2013 година од страна на Компанијата “Газпром” А.Д., водечки партнер на ФИФА, УЕФА и Светското првенство во фудбал Русија 2018, овој проект кој промовира мир, пријателство, еднаквост и здрав начин на живот, оваа година во Москва ќе обедини рекорден број претставници од целиот свет и околу илјада деца. Покрај официјалната поддршка од страна на ФИФА, УЕФА, Меѓународниот Олимписки Комитет и Обединетите Нации – голем број светски асови, тренери, ТВ ѕвезди, уметници и фудбалски легенди, како Франц Бекенбауер, Дидије Дрогба, Марк Ван Бастен, Мишел Салгадо, Дирк Кајт, Виктор Баија, Бранислав Ивановиќ и Јуриј Лодигин, лично придонесоа за глобалната популарност на проектот “Фудбал за Пријателство“.

Завршната манифестација на овогодинешната програма, која ќе се одржи пред самиот почеток на Светското Првенство, ќе ги обедини во Москва децата и останатите учесници кои ќе бидат дел од предвидените активности: Меѓународен турнир во мешани детски тимови на Пријателството, Меѓународен детски прес центар од кој ќе известуваат Младите Новинари, Школа за деветте клучни вредности на проектот и Меѓународен Форум “Фудбал за Пријателство“. Воедно, последната вечер од престојот во Русија, сите деца и возрасни кои се официјални учесници во проектот ќе присуствуваат на церемонијата по повод отварањето на Светското првенство и првиот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Русија и Саудиска Арабија.
Покрај основните цели на проектот – развој на младинскиот фудбал, промовирање на толеранцијата и почитувањето на различните култури и националности помеѓу деца од различни земји, оваа година е покрената и засебна глобална Еколошка иницијатива – со цел да се заштитат ретките животински видови како амурскиот тигар, црвената панда, балтичката фока, големиот смоквин папагал и лемурот со црвено крзно.

Представници од Македонија оваа година се дванаесет годишните Млади Амбасадори – Максим Цониќ, Млад Фудбалер од подмладокот на ФК “Вардар“ и Ева Јакимовска, Млада Новинарка која ќе известува за настаните кои ќе се случуваат во Русија.

“Се радуваме на можноста да патуваме во Русија, да запознаеме и да другаруваме со голем број на деца од целиот свет како дел од интересните активности кои ни претстојат во рамки на програмата “Фудбал за Пријателство“ во Москва!“ – изјавија Ева и Максим, најавувајќи го нивното патување во Русија.

Како најава на почетокот на финалните активности за оваа сезона на проектот, во Центарот на Фудбалската Федерација на Русија официјално беше претставен и Купот на деветте вредности – единствен трофеј во спортот кој со гласање го доделуваат деца од целиот свет. Овој трофеј ги слави основните вредности на “Фудбал за Пријателство“ – еднаквост, пријателство, фер игра, здравје, мир, посветеност победа, традиција и чест. Претставен во присуство на Потпретседателот на Фудбалската Федерација на Русија, г-дин Никита Симонјан и останатите високи функционери на Федерацијата и Светското Првенство, овој неверојатен трофеј – дело на славниот германски вајар Ахима Рипингер – ќе биде доделен на една од 32. репрезентации за која ќе гласаат децата учесници во проектот “Фудбал за пријателство“. Трофејот ќе биде изложен во Музејот на Фудбалот на Руската Федерација од почетокот на јуни, а тимот на кој ќе му биде доделен ќе биде прогласен на завршната церемонија во рамки на Меѓународниот Детски Форум, кој ќе се одржи на 13 јуни.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк