Дружење со пријателите – 08.06.2018 во Македонска опера и балет

Во организација на Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје, во Македонската опера и балет (МОБ) ќе се одржува културен настан “Дружење со пријателите”

Амбасадата на Босна и Херцеговина во Република Македонија ја има чест да ги информира медиумите во Република Македонија дека на петок 8 јуни, 2018, со почеток во 19:30 часот во Македонската опера и балет (МОБ) во Скопје ќе се одржи културна манифестација насловена како “Дружење со пријателите “во организација на Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје.

Амбасадата на Босна и Херцеговина, настанот го организира во рамки на тековните активности на презентацијата на богатото културно босанскохерцеговачко наследство во Република Македонија.

Споменатиот културен настан ќе го отвори амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Лепа Бабиќ.

По обраќањето на сцената на МОБ настапува млада музичка ѕвезда Марко Бошњак, Levante Guitar Duo (Воислав и Александра Ивановиќ) и добро позната музичка група “Divanhana”.

Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје ги поканува медиумите да присуствуваат и да известуваат за настанот.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк