Стефан Манасиевиќ со нова песна “Твојот свет мистерија”

Кога мислите на терминот универзална личност, тогаш мислите на Стефан Манасиевиќ. Роден на 14.01.1994 г. во Скопје. Стефан има постигнато успеси во многу области. Со самиот влез во финалето на првото македонско кастинг талент шоу “Тајно моја“ посветен на нашата музичка легенда Тоше Проески, привлекува внимание кај јавноста. По неговото успешно претставување, на негова огромна чест избран е да биде токму тој, единствениот претставник во сениорската категорија, на еминентниот меѓународен фестивал “Славјански Базар“, на кој до сега не претставувале нашите најголеми пејачи, од типот на, Тоше Проески, Калиопи, Влатко Лозаноски и многу други. Со неговиот глас, убедлив настап и харизма, успева да ги освои симпатиите на публиката но и на неговите колеги, претставници од сите земји. Следува настапот на меѓународниот фестивал “Езерски бисери“, каде Стефан ја освојува наградата Лауреат од втор степен(второ место).
После овие успеси, покрај неговата прва детска песна на “Златно славејче“ доаѓа време за нова песна и видео запис под наслов “Твојот свет мистерија“, чиј комплетен автор е Иван Петровски, додека за видеото се погрижи Мирослав Илиќ.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк