Промоција на книгата „Допирот на времето“

На 6 јуни во просториите на Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје беше промовирана книгата „Допирот на времето“ – сонетен венец и сонети од писателката Моника Стојанова. Сонетниот венец и сонетите претставуваат најстрогата поетска форма, а литературен осврт кон ова дело даде проф. д-р Кристина Николовска од Катедрата за македонска книжевност при Филилошкиот Факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Бројната публика имаше несекојдневна можност да ја проследи сценската поставка на сонетниот венец, а содржината беше презентирана преку рецитирање, музика и танц со настапите на виолинистката Пламенка Трајковска од македонската филхармонија и танцовата двојка од „Прима Данца“. Стиховите ги читаа авторката Моника Стојанова и Билјана Јаковска.
Фотографии од настанот во прилог.

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк