Skopje Calling: Axwell /\ Ingrosso 21 June 2018

Водечките тандеми на електронската музичка сцена (не само последниве неколку години, туку и денес), Axwell & Ingrosso доаѓаат за прв пат не само во Македонија, туку и во регионот, идното лето во 2018-та година, и тоа како хедлајнери на Skopje Calling 2018, на 24-ти јуни 2018 година, на стадионот на АРМ.
AXWELL & INGROSSO, шведското дуо кое беше дел од популарните Swedish House Mafia, доаѓаат во рамките на третото издание на фестивалот SKOPJE CALLING- фестивал кој за брзо време стана препознатлив бренд во нашата земја и во југоисточна Европа.
Axwell & Ingrosso своето деби како дуо го имаат во 2014 година и оттогаш кариерата им оди во ултра нагорен правец, со настапи насекаде во светот, кои резултираат со секогаш полни стадиони. Одличната продукција, впечатливите визуелни ефекти, многу пиротехника и енергичните настапи се она што ова дуо има огромна маса на фанови, секаде каде и да настапува во светот.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од вторник (26.12) од 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС, по цени од:

1000 денари ПАРТЕР 2
1.500 денари ПАРТЕР 1
2.000 денари ФАН ПИТ (само 1000 влезници)

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк