Ulrike Syha (12 јуни 2018, Кино Култура, предавање и работилница)

Со големо задоволство Ве известуваме дека на 12 јуни 2018, Македонскиот центар на Интернационален театарски институт, иницира, дизајнира и организира предавање и работилница на Улрике Зиха – драмска авторка и драматург од Хамбург, Германија.
Гостувањето и соработката се поддржани од Гете Институт Скопје.
Предавањето започнува во 11ч во Кино Култура, Скопје.
Повеќе податоци за предавањето:
Предавањето е дел од програмата на ИТИ Македонија: Poor Little Rich Drama (2018-2020)/Сирота мала богата драма (2018-2020). Темата за оваа 2018 година е: Contemporary German Theater Play Writers (2010/2017)/ Современи германски драмски автори (2010-2017), во рамките на овој контекст предавањето на Зиха е посветено на креативното прашање – “WHO IS THE AUTHOR?” – RECENT TRENDS IN CONTEMPORARY GERMAN THEATRE/ „Кој е авторот?‘‘ Актуелни трендови во современиот германски театар.

Предавањето ќе овозможи преглед на актуелните трендови во современиот германски театар (2010-2017), преку видео и текстовни примери. Ќе ви ги претстави влијателните гласови од доменот на пишаната драма, поделениот театар и друг тип на текстовни продукции, нудејќи директен поглед во поврзани дебати. (Предавањето е отворено и е наменето за сите театарски уметници, истражувачи, професори, студенти, новинари, книжевни преведувачи од германски јазик и љубители на театарот).

По предавањето следи креативна практична работилница: “WHO AM I, THE AUTHOR?”- WRITING STRATEGIES AND CHALLENGES IN CONTEMPORARY THEATRE/„Кој сум јас, авторот?“- Стратегии за пишување и предизвици во современиот театар

Работилницата е наменета за драмски автори кои се на почетокот на својата кариера. Ќе ги дискутираме предизвиците и хазардерството на современото драмско пишување, вклучувајќи ги и променливите видови на авторство и нивниот импакт врз позицијата на авторот во театарот денес. (Работилницата е наменета за драмски автори, писатели, поети, преведувачи од германски јазик кои зад себе имаат најмалку еден објавен или еден поставен драмски текст; најмалку една објавена авторска книга, најмалку еден книжевен превод).
На работилницата се пријавија следниве талентирани, македонски драматурзи, драмски автори, писатели и поети, театарски режисери, филмски и театарски актери, културни работници: Стефан Марковски, Ивана Нелковска, Лидија Митоска, Драгана Гунин, Ирма Башеска Ристовска, Кирил Дончов, Маја Ѓурчевска, Теа Беговска, Игор Поп Трајков, Ева Камчевска, Зоја Наскова, Миа Кантарџиева, Кристина Тодороска Петреска, Катерина Момева, Васил Михаил, Билјана Димитрова, Елена Пренџова.

Кратка биографија за менторката: Улрике Зиха (Визбаден, 1976) е драмска авторка и драматург, живее и работи во Хамбург, Германија. Координатор е на германската секција на европската мрежа ЕУРОДРАМ. Своето знаење и методи за драмско пишување ги споделува на многу меѓународни фестивали за театар и изведбени уметности во Европа и светот. Досега соработувала на претстави во режија на еминентните Alexander Lang, Wolfgang Engel, Konstanze Lauterbach, Matthias Brenner, Johanna Schall, и Peter Kastenmüller. Таа досега има стекнато повеќе престижни награди дома и во Европа. Листа на селектирани драмски дела, кои досега се поставени во Германија и низ Европа:

“Mao und ich” (i.a. “Mao and I”) – Премиера – Nationaltheater Mannheim, 2013
“Radikale” (i.a. “Radicals”) – Премиера – Theater Cehmnitz, 2012
“Privatleben” (i.e. “Private Life”) – Премиера – Chemnitz, 2008
“Da drängt was” (i.e.”Something Urgent”), – Премиера – Jena Theaterhaus, 2004
“Fremdenzimmer I-III” (i.e.”Hotel Rooms I-III”)
Прв дел – Премиера – Kassel Staatstheater “Hotel Project” како копродукција на Forum Junge Dramaturgie, 2002 / Втор дел – Aachen Theater, Enervé Monologues, 2003 / Трет дел – Theaterdiscounter, Berlin, 2003 “Nomaden” (“Nomads”) – Премиера – Tübingen Landestheater, 2003
“Autofahren in Deutschland” (“On the Road in Germany”) – Премиера – Thalia Theater, Hamburg
“Kunstrasen” (“Artificial Lawn”) – Премиера – Leipzig Schauspiel, 2001

Повеќе за Улрике Зиха прочитајте на следниов линк

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк