Скопје за Битола: Некултурно

Скопјани, Битолчани во Скопје и сите останати народи во близина, јавете се. 🙂

Битолското некултурно лето е уште еден изблик на независната културна сцена во Битола која неуморно оди со глата низ ѕидој и, пак, без институции, фондации и грантови, сака да напрај нешто убо за Битола.

За да го постигниме то, ни треба вашата помош, па зато, во недела (17 јуни) во Винил, организираме фандрејзер, кај шо можите со купвањето на овие многу кул маици, (https://www.facebook.com/zadruga.artikultura/posts/1775521639164424) или со обична донација, да ги поддржите нашите потфати за поубав културен живот во Битола. ♥

За музиката ќе се погрижат нашите другарки и другари:

12:00 – 14:00 DJ Hambar (Јулијан Мицевски)
14:00 – 16:00 Martina Petreska и Александар Стефановски
16:00 – 18:00 Ѓорѓи Јаневски
18:00 – 20:00 Мартина БаракоскаРоберта Цветковска, @Jana Todorovska

Ќе има уба дружба и супер друштво, цел ден ќе сме таму, поминете, ќе ни значи многу. 🙂

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк