Рутер2.0 понеделник 18/06/2018

Конференција како конференција мора да има некој што ќе каже нешто, па така по неспецифичен ред на зборување ќе наведеме некои од говорниците:

– Audiobahn – Зошто стримаме македонски диџеи и што е тоа толку кул?
– Nebojsa Gelevski – Визуелизација на податоци – едно поинакво светло на сите сувопарни податоци!
– Ариза – Зошто станав мајка и како технологијата ми помогна да станам подобра во тоа.
– Тука некаде ќе биде и Бебе Готвач првиот печатен македонски готвач за бебиња и деца.
– Anita Kirkovska – Вселената последна граница, дали? И што потоа?
– Улична уметност што беше тоа – има ли Скопје уште душа?
– ДиџитаЛ / DigitaL – Дигитален маркетинг – како да рекламираш клима уреди на Фејсбук!
– Sase Ljoles – Како да не те ограбат во Скопје ако си турист од Русија и како да нарачаш точено пиво.
– Saska Cvetkovska – КАКО ДА ШИРИШ ЛАЖНИ ВЕСТИ И КАКО ДА НАПРАВИШ ПАРИ ОД ТОА? – водич како не треба!
– Medicinari Support Group – Зошто запишав медицина? Зошто?

Пријавувањето на конференцијата може да го направите на следниот линк:

https://goo.gl/U9xKxG

Ќе има и неколку работилници и настапи на неколку диџеи и говорници кои ќе ги најавиме во претстојниот период.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк