32 Интернационални тимови на Пријателство од целиот свет дел од Светскиот Шампионат во Фудбал за Пријателство 2018!

Москва, 12. Јуни 2018 година. – На 12 јуни, 2018 година на стадионот “Сапсан Арена“ во Москва, се одржа Светскиот Шампионат во Фудбал за Пријателство 2018, како дел од “Фудбал за Пријателство“ – Интернационалната општествено-одговорна програма наменета за деца на Компанијата Газпром, официјален партнер на ФИФА и Светскиот Куп 2018. Вкупно 32 Интернационални Тимови на Пријателство, составени од 12 годишни спортисти, момчиња и девојчиња, вклучувајќи и деца со пречки во развојот, од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка, Австралија и Океанија, се сретнаа на фудбалскиот терен. Шестата сезона на програмата “Фудбал за Пријателство“ беше одбележана со невидена географска експанзија на проектот – само една година претходно во финалните случувања, дел од оваа програма, учествуваа претставници од 64 земји, а оваа година Млади Фудбалери, Млади Новинари и Млади Тренери од 211 земји и региони од целиот свет се собраа во Москва! Македонија и оваа година, втора по ред, е дел од “Фудбал за Пријателство“ и е претставувана од Младите Амбасадори Ева Јакимовска (Млад Новинар) и Максим Цониќ (Млад Фудбалер), придружувани од Кирил Кироски, Заменик Извршен Директор на ФК “Вардар“ и Маргарита Андоновска, Координатор на Проектот “Фудбал за Пријателство“ за Македонија, од Агенцијата за Односи со Јавност “АПРА Портер Новелли Македонија“.

Во знак на подигнување на свеста за загрозените животински видови, оваа година како дел од проектот “Фудбал за Пријателство“ беше покрената и еко-иницијатива. Сите Интернационални тимови на Пријателството беа именувани по ретки животни кои се на прагот на истребување со цел привлекување на светското внимание за заштита на флората и фауната, притоа мотивирајќи ги младите генерации да се вклучат кон ваквите акции. Тимовите традиционално беа составени на принципот на пријателство – спортисти од различни националности, пол и физички способности играа заедно во еден тим.

 

Фудбалски ѕвезди, Предводници на Фудбалски Федерации, претставници на Руската Фудбалска Унија, Параолимпискиот Комитет на Русија, како и социјални активисти, меѓу кои и Александар Кержаков (Aleksandr Kerzhakov), Сениор тренер на Јуниорскиот Руски Тим, Сирискиот фудбалер Фирас Ал Кхатиб (Firas Al-Khatib), како и Принцот и фудбалер од Саудиска Арабија, Алсајар Абдулрахман (Alsayyar Abdulrahman). Финалните натпревари од Светскиот Шампионат на Фудбал и Пријателство беа проследени од повеќе од 1.500 деца заедно со нивните возрасни придружници, а настаните беа пренесувани од преку 5.000 светски медиуми.

 

Како дел од подготвителните активности за овој Светски Шампионат во Фудбал за Пријателство, младите фудбалери и младите новинари беа дел од тридневниот Интернационален Камп на Пријателството, лоциран во рамки на Фудбалската Академија “Спартак“. Покрај тренинзите, тие имаа можност да бидат дел и од различни предавања и гостувања на познати спортисти, новинари. По квалификациските натпревари кои се одиграа на стадионот “Сапсан Арена“, присутните гледачи можеа да го проследат возбудливото финале помеѓу тимовите “Комодо Змеј“ и “Шимпанзо“  Победник на Светскиот Шампионат на Фудбал за Пријателство 2018 е тимот “Шимпанзо“.

Традиционално, по завршувањето на натпреварите помеѓу децата учесници, претставниците присуствуваа на Меѓународниот Форум на Фудбал и Пријателство, а ќе присуствуваат и на фудбалски натпревар. Оваа година сите делегации – учесници во проектот ќе имаат можност да го проследат отворањето на Светското Првенство Русија 2018 и првиот натпревар на Лужники Стадионот помеѓу репрезентациите на Русија и Саудиска Арабија. Како дел од церемонијалот за отворањето, свое учество ќе имаат и учесници во проектот “Фудбал за Пријателство“, меѓу кои ќе биде и Македонскиот претставник, Максим Цониќ (Млад Фудбалер, ФК “Вардар“).

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк