Летен курс за деца: Design Thinking

Инфо : ina@publicroom.org // 078/250-554

Напреден курс за деца каде што ќе стекнат и развијат вештини за дизајн размислување

За кого: Деца од 7 до 14 години
Почеток: 18. – 22. јуни 2018 (понеделник – петок)
Времетраење: 8:30 – 12:00ч
Локација: Јавна соба, центар за дизајн и иновации
Ментор: Ирина Михајлова
Цена: 2.500денари
Рок за пријавување: Прв пријавен, прв послужен / бројот на учесници е лимитиран

И во лето се учат нови работи!
Искористете го летниот распуст правилно. Дајте им можност на вашите деца да се вклучат во работилницата Design Thinking каде што ќе ја подигнат креативноста и ќе научат како да размислуваат како дизајнерите на иднината!

На оваа работилница децата ќе имаат можност да поминат низ 5 различни фази на креирање на една употреблива апликација за мобилен телефон, со што ќе се стекнат со вештини кои понатаму може да ги користат како алатки при креативно решавање на најразлични проблеми, дизајнирање на идејни решенија и нивно менаџирање.

Дополнителни вештини со кои ќе се стекнат децата:
– Грижа за другите
– Препознавање на таргет групи и потреби
– Самодоверба
– Подобрен англиски јазик
– Развиена креативност

Оваа работилница е креирана по програмата Design Thinking, на Design Club UK.
Ментор на работилницата е Ирина Михајлова – сертифициран Design Club ментор и графички дизајнер.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк