Doodle challenge Dreadpen and Vinyl 20/06/2018

Со David Ristevski – Dreadpen во еден неформален муабет дојдовме на идеја да организираме еден doodle challenge.

Идејата е следна ќе оставиме листови на кои ќе може да нацртате што сакате некаде во понеделник, вторник и сето тоа ќе кулуминира во среда со еден настан каде ќе избереме 10 најдобри кои ќе добијат пригодни награди во облик на стикери и пијачка.

Затоа не заборавајте да поминете и да го остварите свое право да чкртнете нешто и да ги потепате сви!

Давид рече нешто ептен ако му се свиѓа дека може и ќе направи стикер таков, но сега за сега не ветуваме ништо 🙂

Поминете нацртајте што сакате и добијте пиво и стикери гратис!

Се гледаме во среда во Винил!

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк