Концерт на Daddo Dganit и Heftsiba Zer Aviv – Израел

Официјално отворање на „Скопско лето 2018“ на првиот ден на летото и светскиот ден на музиката „Fete de la Musique“

Концерт на Дадо Дганит (Daddo Dganit) – вокал,
Јувал Кедар (Yuval Kaydar) – пијано, гитара,
Елијас Хабиб (Elias Habib) – перкусии,
Мумин Сеслер (Mumin Sesler) – канон,
Дан Кидар (Dan Keydar) – бас и

Хефциба Зер Авив (Heftsiba Zer Aviv) – флејта,
Ети Тевел (Ettie Tevel) – пијано, хармоника,
Марина Тошич (Marina Toshich) – ут,
Рони Вагнер (Ronie Wagner) – ударни инструменти
(во соработка со Државата Израел)

Цена на билетот 300 денари
Билети на билетарата на Македонската филхармонија

DGANIT DADDO Ве поканува на патување со посебно духовно откривање, зачувување на старите ладино и народни мелодии, преработувајќи ги за нашето време. Наследството на ладино песната е најдобро познато како типичен звук на сефардската традиција. Дадо ја модернизира оваа класична еврејска култура, ја збогатува со ориентални ритми, класичната ориентација и клезмер звуците, настапувајќи со арапски и еврејски музичари кои свират модерни аранжмани на древни медитерански песни. Ладино музиката која ја донесува моќниот глас на Даддо, ги надминува културните и етнички граници.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк