We Will Rock You

Град Скопје, Градски летен парк, Македонска филхармонија и Младински културен центар, го најавуваат најголемото „Квин симфони шоу!“
Настапуваат: „QUEEN REAL TRIBUTE“, оркестарот на Македонската филхармонија и Хорот на Македонската опера и балет под диригентство на Милош Јовановиќ (Србија).
Еден од најдобрите светски „Квин“ трибјут бендови, со специјални аранжмани за оркестар и хор, ќе ги изведе најголемите хитови на една од највлијателните групи на сите времиња.
„QUEEN REAL TRIBUTE“ во состав: Иван Ристановиќ – вокал; Ненад Бојковиќ – гитара; Иван Дерфи – бас; Радош Чапин – тапани, постојано ја фасцинираат публиката ширум светот!

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк