Вкупно 211 земји и региони, меѓу кои и Македонија, завземаа учество во 6. Интернационален Детски Форум “Фудбал за Пријателство“

На 13. Јуни, 2018 година (среда) во Москва се одржа 6. Интернационален Детски Форум “Фудбал за Пријателство“ – дел од Интернационалната општествено – одговорна програма “Фудбал за Пријателство“ наменета за деца, организирана од Компанијата “Газпром“ во официјално партнерство со ФИФА и ФИФА Светското Првенство (FIFA World Cup 2018™), во која завземаа учество и Македонските претставници, Младиот Фудбалер Максим Цониќ и Младата Новинарка Ева Јакимовска.

 

Шестата сезона на програмата беше единствена по својата големина, бидејќи оваа година учествуваа 211 земји и региони од целиот свет, претставувајќи ги шестте континенти: Европа, Азија, Африка, Австралија и Океанија, Северна Америка и Јужна Америка. На Форумот учествуваа вкупно 1.500 деца придружувани од возрасни лица. Вкупниот број на учесници и гости достигна преку 5.000 присутни. Сите деца – учесници беа обединети со една единствена заедничка мисија: промовирање на човечковите вредности: пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест.

Почесни гости на овогодинешниот Форум беа претставници од Кабинетот на Претседателот на Руската Федерација, Рускиот Олимписки Комитет, ФИФА, претставници од фудбалски федерации, Фудбалските ѕвезди, шампиони на Олимписките и Параолимписките игри, како и голем број јавни личности.

Шестото издание на Форумот го отвори Претседателот на Одборот на Директори на Компанијата “Газпром“, г-дин Виктор Зубков, изјавувајќи: “Компанијата Газпром, како една од најпознатите општествено ориентирани компании во светот, секогаш ја поддржува промоцијата на детските спортови. Фудбалот е најпопуларен спорт и мислам дека преку овој спорт најдобро може да се обединат луѓето врз основа на вредности блиски до секој човек на нашата планета, без разлика во која земја живеат и на кој јазик тие зборуваат. Ова е можност децата заедно да создадат нови пријателства, да учат, да напредуваат и да постигнат успех во спортот. Оваа година, делегатите од 211 земји и региони дојдоа во Москва да бидат дел од овој проект. Во споредба со 2013 година, кога започнавме со имплементација на “Фудбал за Пријателство“, географското покритие на проектот се зголеми 26 пати. Во текот на изминатите пет години, како дел од овој проект, свое учество завземаа повеќе од 4.000 деца, а вкупниот број поддржувачи на “Фудбал за Пријателство“ надминаа три милиони луѓе“.

 

Г–ѓа Олга Голодец, Вицепремиер на Руската Федерација, пред учесниците на Шестиот Интернационален Детски Форум го претстави свечениот говор на Рускиот Претседател Владимир Путин: “Оваа година завршните настани од програмата ’Фудбал за Пријателство’ се одвиваат во специјална атмосфера, затоа што Русија е домаќин на ФИФА Светското Првенство 2018 и пречекува светски познати спортисти од целиот свет. Во пресрет на овој значаен настан, Млади Фудбалери од 211 земји и региони од целиот свет се собраа во Москва да ги покажат своите таленти и вештини преку фер турнири, да научат нешто ново од познатите фудбалски ѕвезди и да се запознаат со свои врсници. Навистина верувам дека вакви големи иницијативи како “Фудбал за Пријателство“ се од суштинска важност и имаат важна мисија. Ваквите иницијативи ги поддржуваат младинските спортови, промовираат здрав начин на живот, ги учат децата да ги почитуваат претставниците на различни националности и култури.

 

На Интернационалниот Детски Форум беше соопштен и овогодишниот добитник на “Купот на Девет вредности“. Младите учесници во проектот “Фудбал за Пријателство“ го избраа бразилскиот национален тим како тим кој најмногу ги исполнува вредностите кои се промовираат во рамки на овој проект. Во потесниот избор на репрезентација која ги исполнува условите за добитник на овој куп беа и националните тимови на Русија и Германија.

Во рамки на Интернационалниот Детски Форум “Фудбал за пријателство“ се одржа и светска премиера на книгата на Ананја Камбоџ (Млад Амбасадор, Индија). Инспирирана од активностите од минатата сезона на проектот, каде учествувала како Млад Новинар на Меѓународниот детски прес-центар, Ананја ја напишала својата книга “Моето патување од Мохали до Санкт Петерсбург“, каде што раскажува за најважните човечкови вредности, помагајќи да се промени светот на подобро.

 

Форумот се одржа во уникатен комплекс – познатиот руски центар за океанографијата и морска биологија “Москвариум”, најголемиот затворен океанариум во Европа. За време на Форумот, децата можеа да видат различни водни жители. Оваа година, програмата “Фудбал за Пријателство“ стави посебен акцент на привлекување на вниманието на јавноста кон проблемите на истребување на ретки видови животни. Како дел од оваа еко иницијатива, за време на завршните настани на програмата, кои се одвиваа помеѓу 8. и 15. Јуни, превозот на учесниците се реализираше со помош на еколошки автобуси, односно во рамки на проектот четири автобуси кои работат на гориво за гасни мотори беа предводени од конвои на возила со меѓународните делегации. Со овој потег значително се помага да се намали загадувањето на воздухот.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк