Денеска Монистра на Скопје Стрит Фестивал 21ви Јуни

Велат: “Како што е дома, никаде на светот не е”! Така ни е и на нас. Без разлика колку и да ни се убави концертите и прошетките надвор од нашите граници, секогаш е најубаво чувството кога сме на своја територија, пред своја публика. Сега е лето, период од годината во кој сите сакаат да посетуваат вакви случувања, под отворено небо. Многу ни е драго што и “Монистра” ќе биде дел од “Skopje Street Festival”, па скопската публика ќе може да ужива во нашата македонска музика.

Во однос на репертоарот, ќе изведеме една мешавина од нашите два албума. На овој концерт нема да промовираме ништо ново. “Киниса моме на вода” е албум кој што наполни една година, но пред скопската публика е презентиран само два пати. Решивме да ги изведуваме тие композиции бидејки и самите се не толку познати на публиката, а тоа и ни беше целта со овој албум, да вратиме во живот нешто што не е вредно да отиде во заборав. Секако дека има нешто ново, но одлуката беше дека ќе го чуваме за 2019 година.

Упатуваме отворена покана до сите љубители на македонската традиционална музика, да го проследат нашиот настап на овој фестивал. Се гледаме на Боемска улица, 21.06.2018 (Четврток) во 22:00ч.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк