Stella: Женска Менторска Мрежа

Ментроската поддршка е клучна за академскиот, професионалниот и животниот развој. Тимот на Стела активно работи кон обезбедување менторки кои би ги поддржале девојките и жените во нивниот професионален и личен развој. На 21 јуни во Американското катче Скопје од 17 до 19 часот ќе имате можност одблизу да се запознаете со Stella Network и како таа може да ви користи. Придружете ни се на разговор со една од основачките на мрежата: Виџиленца Абази. Таа ќе ви објасни зошто е важно да бидете вклучени во менторска мрежа и ќе сподели со вас информации за работата на Стела во Македонија и во Њујорк. Придружете ни се на разговор и научете повеќе за тоа што Стела може да направи за вас!

Виџиленца e доктор на науки во областа на правото и во моментот работи на Универзитетот Њујорк во САД, со долгогодишно искуство во академијата и невладиниот сектор во Европа. Засегната поради недостатокот на ресурси и поддршка со што се соочува образованието во Македонија, таа ја презема иницијативата да го оформи тимот на Стела, со заедничкото верување во поттикнувањето на аспирациите на девојките и жените. Виџиленца е исто така Fulbright Alumnus-in-residence во Њујорк со чија помош мрежата Стела започна свои активности како во Македонија, така и во САД.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк