Завршна презентација – #Inno4Edu

#Аплицирај за гостин на: goo.gl/7Mwmy8
#Краен рок: 21.06.2018, 12:00, пладне

Ни причинува особена чест и задоволство да ве поканиме да ни се придружите на завршната презентација по повод проектот – #Inno4Edu18 дневен образовен камп.

На завршната презентација во Кино Фросина – МКЦ ќе бидат презентирани процесот и методологијата на работа на #ОбразовниотКамп, резултатите односно решенијата изработени од 40те учесници во изминативе два месеци како и идниот план за развој и лансирање на решенијата.

Дополнително, ќе ги прогласиме победниците на кампот а потоа ќе се журкаме со звуците на Dj Goce Saf, DJ Chvare и DD Sensation.

Во сето ова, артистички ќе не насмеат, замислат и расположат извонредните Импров Група НАСТАП!

Со оглед на ограничениот капацитет на просторот би ве замолиле да вашето учество/гостување го регистрирате на goo.gl/7Mwmy8 најдоцна до 21.06.2018, 12:00 часот.

Придружете ни се заедно да ги погледнеме развиените MVP решенија и да се радуваме на новиот бран на иновации во македонското образование!

Ве очекуваме!

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк